1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН: Русија стои зад атентатот врз Навални

Рајнхард Клебер
2 март 2021

Труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, оди на сметка на руската држава, оценуваат експерти на ОН и бараат одговорност.

https://p.dw.com/p/3q5K8
Russland Gerichtsprozess gegen Kremlkritiker Nawalny
Фотографија: Press Service of Babushkinsky District Court of Moscow/REUTERS

Одговорните за обидот за убиство на Алексеј Навални треба да одговараат, бараат Агнес Каламар и Ајрин Кан, експертки за човекови права кои за ОН набљудуваат вонсудски убиства и слобода на говор. „Поради недоволните мерки на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната мостра на целен обид за убиство“, итно е неопходна меѓународна истрага, објаснија Каламар и Кан на прес-конференција во Женева.

„Тоа, според наше мислење, мора да се случи на меѓународно ниво“, изјави Каламар за Дојче Веле. „Со оглед на сериозноста на она што се случи, не станува збор за каков било обид за убиство. Станува збор за обид за убиство со забрането, недозволено хемиско оружје.“

Според експертките, атентатот е дел од серијата напади дома и во странство. Врз основа на доказите, „многу веројатно“ е дека се вмешани високи руски претставници, нагласи Каламар. Таа е специјален известувач за вонсудски убиства, а Кан е специјален известувач за слобода на говор, двете во Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Русија отфрла вмешаност во случајот и одбива истрага. Навалниколабираше во текот на еден лет во Сибир минатото лето, по што беше во кома. По првичното болничко згрижување во Русија, беше префрлен во клиниката Шарите во Берлин.

Deutschland Nawalny Selfie im Krankenhaus
Алексеј Навални по нападот со отров се опоравуваше на клиниката Шарите во Берлин (на фотографијата со сопругата Јулија во септември 2020 година)Фотографија: Daria Nawalny/privat/Instagram/dpa/picture alliance

Москва зборува за дезинформации

Министерството за надворешни работи во Москва соопшти дека постои надеж ОН да се погрижат да престане меѓународното „дезинформирање“ за случајот Навални. На пример, Германија и Организацијата за забрана на хемиско оружје би требало да бидат натерани да презентираат докази. Каламар укажа дека Русија има пристап до местото и сведоците, односно до сѐ што се случило пред анализата на отровот во Германија.

На 20 февруари годинава руски суд го осуди Навалнина повеќе години казнен логор. Според пресметките на неговите адвокати, тој би можел да излезе на слобода за околу две и пол години. По апсењето во јануари, Навални прво беше затворен еден месец во Москва. Во меѓувреме е префрлен во казнениот логор Н2 во гратчето Покров, на околу 200 километри источно од Москва.

Руското правосудство го товари Навални за прекршување на условна казна од 2014 година. Ултимативното барање од Москва за враќање на Навални во Русија стигна додека рускиот опозиционер се опоравуваше во Германија од последиците од нападот со отров. По него беше распишана потерница. Пресудата против Навални е критикувана од страна на Западоткако политички мотивирана.