1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На ЕУ и‘ недостасува политичка волја за Западен Балкан

6 август 2009

Да има политичка волја во Европската унија, блокадите за влезот на Западен Балкан во ЕУ би се отстраниле, но малку е веројатно дека наесен евроинтеграциските процеси ќе се забрзаат, проценуваат во агенцијата „Стратфор“.

https://p.dw.com/p/J4qj
Фотографија: DW / Cöllen

Во ситуација кога економската криза во Европа е во полн ек, а на тоа уште се додава и постоечката „умореност од проширувања“, како и прашањето за ратификацијата на Лисабонскиот договор, кој покрај Ирска, мора мора да ги прескокне скалите Полска, Чешка, а во случај на пад на владата на Гордон Браун и скалата Велика Британија, мали се изгледите дека наесен ќе дојде до најавениот замав во процесот кој Западниот Балкан би го однесол кон членство во Европската унија. Освен тоа, многуте изговори, како и недостатокот на политичка волја внатре во ЕУ, се причините за застој и блокада на евроинтеграциите на Западен Балкан, смета експертот Марко Папиќ од агенцијата за геополитички анализи, „Стратфор“:

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje
Дали постои политичка волја кај ЕУ за Македонија да стане нејзина членка?Фотографија: Petr Stojanovski

„Проблем е што во овој момент нема политичка волја во ЕУ. Да ја има таа волја, сите проблеми кои сега постојат би биле незначајни. Да има политичка волја, на Словенија би и‘ се кажало поинаку да разговара со Хрватска. Да има политичка волја, 27-те земји членки би можеле нешто да и‘ кажат и на Грција во врска со Македонија, но и на Холандија кога е во прашање Србија. Ако постои само политичка причина за блокирањето на хрватската или српската апликација, тогаш би можела да се создаде и контра-политичка волја. До тоа не е дојдено, а останатите земји членки на Унијата го користат холандскиот и словенечкиот став како изговор за забавување на интеграциите на Западен Балкан.“

Во последниот извештај на агенцијата „Стратфор“, кој се занимава со прашањето за проширувањето на Европската унија, стои и тоа дека „прозападната влада во Белград најверојатно не знае каде се кријат или како да ги најде“ преостанатите два хашки бегалци.

Европската перспектива штити од конфликти на Балканот

И Американците ги предупредија Европејците дека „пандорината кутија“ на Западен Балкан може повторно да се отвори. Иако Балканот воопшто не се наоѓа меѓу приоритетите на американската администрација, ни на сегашната, ниту на претходната, посетата на американскиот потпретседател, Џозеф Бајден на овој регион, е своевидна порака за Европа дека со губењето на европската перспектива за Западен Балкан, повторно може да се отвори „замрзнатиот проблем“, објаснува Папиќ: „Политичко-безбедносната ситуација за Европската унија не може да се среди без конкретен влез на Западен Балкан во ЕУ. Анализите на „Стратфор“ укажуваат на тоа дека причина што овие години немаше безбедносни проблеми на Балканот била токму европската перспектива на тој регион. Оној момент кога таа перспектива станува празна приказна, Европа можеби ќе мора повторно да се соочи со проблемите на Балканот кои се‘ уште се замрзнати.“

Yugoslavia topographic map
Проблемите на Балканот - за сега замрзнатиФотографија: AP

Додека има економска криза во Европа, нема да има значајни поместувања на Западниот Балкан кон членството во Унијата, сметаат во „Стратфор“. Според нивните информации, кризата во Западна Европа би можела да потрае и после 2010 година, односно 2011 година кога е во прашање Централна Европа.

Автор: Марина Максимовиќ / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска