1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молдавија, сепак, нема да се смрзнува на зима

Кено Верзек
30 октомври 2021

Молдавија прогласи вонредна состојба поради скратената руска испорака на гас. Сега, меѓутоа, спорот за испораките на руски гас, кои според многумина се средство за политички притисок на Москва врз Кишињев е надминат.

https://p.dw.com/p/42CAN
Russland Zentrale von Gazprom in Moskau
Централата на Газпром во МоскваФотографија: Getty Images/AFP/Y. Kadobnov

Европа „се тресе“ во врска со снабдувањето со гас. Политиката и јавноста шпекулираат во врска со тоа дали Русија во месеците што доаѓаат ќе испорачува доволно гас, или Владимир Путин ќе го користи вештачки намалениот извоз на гас како средство за политички притисок и ќе го остави континентот да смрзнува.

Една земја веќе сега го преживуваше сето ова - Република Молдавија, една од најсиромашните земји во светот, е сосема зависна од рускиот гас. Газпром изненадувачки инсистираше на драстично зголемување на цените за испорака и отплата на наводни стари долгови. Рускиот концерн во текот на изминатите недели драстично го намали количеството гас кое го испорачува во Молдавија. Експертите велат дека се испорачуваат околу 35% помалку гас од вообичаено.

Поради тоа, молдавската влада во минатата недела прогласи енергетска вонредна состојба. Тоа е поврзано со ограничувања за големите потрошувачи. Тие мора да се префрлат на масло за греење како енергенс. Истовремено, владата доби можност да купува гас од алтернативни извори по итна постапка. Молдавската компанија Енергоком вчера склучи договор за испорака на гас од Полска. 

Polen Gaz-System Pipeline
Молдавската влада смета дека цена од 200 до 300 долари за 1000 кубни метри гас би била прифатливаФотографија: picture-alliance/dpa/D. Delmanowicz

Спорот е надминат

Газпром и Молдавија, вчера, меѓутоа објавија дека ќе го пролжат на пет години договорот за испорака на руски гас за Кишињев.

„Страните постигнаа договор за формула на цената и за доцнењето на договорот за враќање на долгот на Молдавија поврзан со гас“, соопшти портпаролот на молдавското министерство за надворешни работи, Даниел Вода.

Газпром го потврди договорот во одделно соопштение, наведувајќи дека договорот ќе биде продолжен од 1 ноември врз основа на „взаемни поволни услови“.

Договорот е постигнат по преговорите со молдавскиот заменик минстер Андеја Спинуа и шефот на Гаспром, Алексеј Милер, во Санкт Петербург каде што се наоѓа седиштето на Газпром.

„Маневар за уцена“

Набљудувачите во земјата истакнуваа дела сето ова што се случуваше во последно време било „маневар за уцена“ од страна на Кремљ. Такво мислење дели и економистот и експерт за енергија, Сергиу Тофилат. Тој вели: „Моментот на оваа уцена не е случаен. Со години немаше проблеми во снабдувањето со гас. Но, сега некои работи се променија - проруските сили во нашата земја ја загубија власта.“

Од декември минатата година на власт е проевропската претседателка Маја Санду. Таа победи на изборите против својот ривал, поранешниот проруски претседател Игор Додон. Неговата Партија на социјалистите (ПСРМ) загуби на парламентарните избори во јули годинава и сега е во опозиција. Од август на власт се проевропските реформски сили на партијата Акција и солидарност (ПАС) и премиерката Наталија Гаврилита. Новото политичко раководство на Молдавија сака да се оттргне од канџите на Москва, стреми кон европска интеграција и сака спроведување правосудни и антикорупциски реформи.

Новите властодршци во Молдавија немаат тргнато на курс на конфронтација со Кремљ, туку напротив - претседателката Маја Санду и претставници на владата постојано повторуваат дека Молдавија е заинтересирана за нормални и добри односи со Русија. Но, претседателката на државата вели и дека односите би морало да бидат рамноправни. Од такво нешто Модлавија е многу оддалечена.

Republik Moldau Parlamentswahl 2021 | Chisinau | Maia Sandu, Präsidentin
Молдавската претседателка Маја Санду вели дека односите со Русија би морало да бидат рамноправниФотографија: Vladislav Culiomza/REUTERS

Солидарност со Грузија и Украина

Територијата која порано припаѓала на Романија е анектирана од страна на Сталин во 1940 година, по пактот склучен со Хитлер. Така е создадена советската република Молдавија. Кога во 1991 година Молдавија прогласи независност, на истокот на републиката се отцепи тесно парче од територијата со име Транснистрија. Оттогаш таму владеат проруски, меѓународно непризнати сепаратисти. Русија во тој регион има неколку илјади војници и огромен арсенал орује кое потекнува уште од советско време. На самит на ОБСЕ во 1999 година Москва се обврза да ги повлече своите трупи до 2002 година, но тоа до денес не е случено.

Повеќе: Република Молдавија: Еден век поделеност

Молдавската претседателка во текот на изминатите месеци повеќепати ја потсети Москва на нејзиното ветување и побара решение за конфликтот околу Транснистрија. Маја Санду, по природата на нештата, изрази и солидарност на нејзината земја со Грузија, која исто така со децении страда од руската политика на агресија и замрзнат конфликт, како и со Украина, чиј полуостров Крим беше анектиран од Русија во 2014 година.

DW Infografik Moldau Transnistrien ENGLISH

„Груби антируски дрскости“

Руското раководство и Газпром официјално демантираа дека спорот околу гасот имал каква било врска со политика, но минатата недела претседателката на рускиот Совет на Федерацијата, Валентина Матвијенко, бесно изјави дека „грубите антируски дрскости“ на молдавската претседателка сигурно ќе се одразат на билатералните односи. 

Повеќе: Дали Газпром ѝ покажува мускули на Европа?

Од 2007 година Молдавија за рускиот гас плаќа цена која се ориентира на европскиот просек во долгорочните договори. Во договор кој заврши на 30 септември за 1000 кубни метри гас се плаќаа околу 150 долари. Оттогаш Газпром изненадувачки ја бараше актуелната цена на гасот на пазарот, значи три до четирипати повисока цена. Во рамките на провизорниот договор за октомври Молдавија плаќа речиси 800 долари за 1000 кубни метри гас. Освен тоа, Газпром бараше и отплата на 700 милиони долари наводни стари долгови.

Исчезнати се огромни суми

Рускиот концерн тврдеше дека се работи исклучиво за економската исплатливост. Сепак, Белорусија, на пример, и натаму добива гас по цена од околу 150 долари за 1000 кубни метри. Молдавската влада смета дека цена од 200 до 300 долари би била прифатлива.

Прашањето на долговите, пак, се поставува предвреме, Номиналниот должник - молдавскиот монополист МолдоваГаз - мнозински му припаѓа на Газпром. Колкави се долговите на концернот ќерка кај концернот мајка е сосема нејасно. „Во минатото, во МолдоваГаз се исчезнати огромни суми поради измама и корупција“, вели Тофилат за ДВ. „Кој кому што му должи ќе мора да се разјасни со детална финансиска контрола во МолдоваГаз. Но, вакво нешто во фирмата досега немало.“

Повеќе: Молдавските напуштени деца: „Мајка ми ја немам видено две или три години“

Минатата недела двајцата молдавски вицепремиери, Андреј Спину и Влад Кулмински, во Русија преговараа во врска со конфликтот околу гасот, и тоа не само со Газпром, туку и со Димитри Козак, заменик раководител на претседателската администрација на Путин. Преговорите завршија без резултат. Притоа, впечатливо е што Кулмински не е надлежен за прашања на гасот, туку за конфликтот околу Транснистрија. А, Козак во 2003 годоина беше иницијатор на еден меморандум кој предвидуваше федерализација на Молдавија и признавање на Транснистрија. Во 2005 година, тогашниот претседател Владимир Воронин изненадувачки одби да го потпише меморандумот. Непосредно потоа Москва повторно ја запре славината за гас и тоа и тогаш го образложи со економски мотиви.

Испреплетеност

Тоа што во спорот околу гасот  преговараа и Кулмински и Козак, не е случајност. Имено, рускиот гас во најголем дел тече во сепратистичка Транснистрија. Таму, меѓу другото, гасната централа МолдГрес произведува струја. Оттаму пак се снабдува цела Молдавија.

Ваквата енергетска вртелешка е во средиштето на безброј неправилности и обвинувања за корупција. На пример, Транснистрија не плаќа за рускиот гас. Затоа, според проценките, кај Газпром има околу 8 милијарди долари транснитриски долгови. За разлика од случајот со Молдавија, рускиот концерн досега не побарал отплата на овие долгови. Тоа се фактички пари со кои Русија го субвенционира отцепениот регион. Истовремено, во оваа енергетска вртелешка заработуваат голем број руски и молдавски компании.