1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МКГ бара од Брисел да ја смени рестриктивната политика кон Западниот Балкан

29 ноември 2005

Визната политика кон Македонија, СиЦГ, БиХ и Албанија создава „балканско гето„

https://p.dw.com/p/AccN
Фотографија: dpa

„Сменете ја визната политика кон земјите од Западен Балкан и не создавајте балканско гето кое може да преставува закана„. Ова е пораката која Меѓународната кризна група, во најновиот извештај и ја пренесува на ЕУ од која бара да ја смени рестриктивната политика кон регионот. Агенциите повикувајќи се на пишувања во парсикиот весник Монд пренесуваат делови од извештајот кој попладнево треба да биде објавен во Брисел

Меѓународната кризна група ги доживува како закана земјите кои се наоѓаат надвор од евроатлантските структури и во кои владее организираниот криминал и корупција. Македонија, СиЦГ, БиХ Албанија се земјите со кои Евопа мора да започне нови преговори и да воведе нов систем на издавање визи. Во прва фаза за интелектуалци и политичари а подоцна за сите граѓани.

Рестирктивната визна политика предизвикува антиевропско расположение и ги забавува реформите, се вели во извештајот на организацијата, која ги потсетува европските лидери да го спроведат ветеното од самитот во Солун пред две години за либерализација на визниот режим. За возврат се наведува дека земјите од регионот треба да одговорат соодветно, преку зајакнување на борбата против нелегалната имиграција односно поефикасно контролирање на границите и дејствување против сите облици на организираниот криминал.