Мирен и тивок Божик во Витлеем
Прославата на Божик во Витлеем не е откажана, но ќе биде сосема поинаква поради корона-кризата.
Предбожикниот период вообичаено е најпрометен период во родниот град на Исус на опалестинскиот Западен брег.
Празнично украсената божикна елка како и секоја година беше свечено поставена пред Црквата на Христовото раѓање, но освен тоа изминатите денови речиси ништо друго не наликуваше на вообичаените предбожикни денови во градот.
Повеќе:
-Христијани од целиот свет слават Божик во Витлеем
-Витлеем: Празнување на Божик со политички одеци
На плоштадот пред црквата на Христовото раѓање е невообичаено тивко. Одвреме навреме можат да се види како некои мештани прават селфи пред божикната елка Продавачите на кафе на неколку тезги нудат топли пијалоци.
Но, туристичките групи не се тука со месеци. Ова беше тешка година за палестинскиот град кој во најголем дел живее од туризмот.