1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната тројка ќе прифати поделба на Косово доколку за тоа се договорат Белград и Приштина

13 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTXq

Претставниците на меѓународната тројка за Косово, синоќа во Приштина изјавија дека ќе прифатат какво било решение за статусот кое ќе го договорат Белград и Приштина, вклучително и поделба на покраината. Ова на новинарско прашање го изјави претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер. Притоа тој нагласи дека ниту тој, ниту посредничката тројка не предлага ниту поддржува поделба на Косово. Според Ишингер принципот на работа на меѓународните претставници ќе се базира врз резолуцијата 1244 на ОН и последниот предлог на Марти Ахтисари. Приштина и Белград засега јавно отфрлаат можност за поделба. На првите разговори со преставниците на ЕУ, САД и Русија, двете страни сепак не покажаа знаци дека отстапуваат од досегашните ставови. Косовската страна за независност, Белград за зачувување на суверенитетот на својата територија.