Меѓународната заедница очекува напредок во процесот за статусот на Косово
21 септември 2005Меѓународната заедница очекува напредок во процесот за статусот на Косово изјави Дејвид Гауен во име на евроамбасадорите акредитирани во Белград кои престојуваат во посета на Приштина, со цел на лице место да се уверат во состојбата. Британскиот амбасадор по средбата со Лари Росин заменик шефот на УНМИК изјави дека напредокот во решавањето на статусот директно ќе зависи од извештајот на специјалниот претсавник на ОН Каи Еиде за состојбата која владее во покраината. Гауен притоа упати јасна порака до Приштина и Белград:
„ Ова е период во кој чекаме на извештајот на Каи Еиде и неможеме да прејудицираме каков ќе биде. Истовремено се надеваме дека ќе има напредок во насока на решавање на идниот статус на покраината. Во овој период е потребно прагматичност и заедничко работење„
Изјави Гауен кој ја оцени како корисна средбата во Виена помеѓу преставници на косовската и српската влада за децентрализацијата.
Претходно евродипломатите се сретнаа и со косовскиот премиер Бајрам Косуми, кој им ги пренел неговите очекувања за позитивен извештај од страна на преставникот на ОН. Според Косуми состојбата во покраината е подобрена.
Во меѓувреме српските власти се во дипломатска активност околу прашањето за идниот статус на покраината. Претседателот Борис Тадиќ и српско црногорскиот министер за надворешни работи Вук Драшковиќ веќе втор ден се во САД каде со високи политички преставници разговараат за подобрување на условите и демократските стандарди во покраината и почеток на директни разговори на релација Белград и Приштина. Косовското прашање е единственото за кое министерот Драшковиќ треба да зборува во говорот пред генералното собрание на ОН во Њујорк