1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Меѓународна роботска олимпијада

СН/агенции
20 август 2019

33 тимови од целиот свет на игрите во Пекинг наречени Running Robots Game ги демонстрираа способностите на нивните роботи.

https://p.dw.com/p/3OCOm
Keynote Armin Laschet (Minister President of the German State of North Rhine-Westphalia (NRW))
Фотографија: DW/F. Görner

Кина беше домаќин на првиот меѓународен натпревар на автономни роботи. За само осум минути, автономните роботи требаа да исполнат повеќе задачи што е можно побрзо -  тоа беше главната дисциплина на  „Running Robots Game 2019“.

Покрај тоа што им помагаат на роботите да се качуваат по sидови и да танцуваат, микрочиповите и алгоритмите во роботите наскоро би можеле да бидат дел од машините што ќе го промени нашиот секојдневен живот. Во натпреварот учествуваат вкупно 33 меѓународни екипи.

Олимпијада на роботи во Кина

Дводневните натпревари вклучуваа стандардни и натпреварувања во слободен стил. Но, тоа не беше само тест за нивните вештини, туку и за инсталираните чипови и алгоритми зад роботите.

Професорот Ванг Жихуа од универзитетот Синхуа е еден од организаторите кои ги иницираа игрите. „Се надеваме дека ќе изградиме значајна платформа за глобалните млади луѓе повеќе да ја истражуваат вештачката интелигенција и, исто така, обезбедивме награда од 10.000 американски долари за победникот. Со тоа, би сакале да развиме и софтвер и хардвер за овие роботи и постепено да ја прошириме аликацијата за вештачка интелигенција (ВИ) во секојдневниот живот“, вели Ванг.