1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународен печат за иднината на Косово

20 август 2007

На иднината на Косово, во светлина на преговорите меѓу САД, ЕУ и Русија, се осврнува и денешниот меѓународен печат.

https://p.dw.com/p/BW9m
Косовски Албанци кои протестираа спроти доаѓањето на „тројката„ во ПриштинаФотографија: AP

Шведскиот весник “Упсала ниа тиднинг“ ја разгледува можноста за поделба на Косово, па коментира:

“Тоа не е сосема исклучено, како што покажуваат најновите сигнали од т.н. тројка во која членуваат САД, ЕУ и Русија. При тоа останува отворено прашањето дали поделбата може да биде навистина решение за овој проблем. Во тоа може отворено да се сомневаме! Не мора веднаш се‘ да тргне наопаку како при поделбите на други спорни територии, да уследат насилство, трагедии и граници кои веднаш се ставаат под знак прашање. Но, одвојувањето би можело да отвори врата за натамошни барања, на пример во Македонија во која има големо албанско малцинство или пак во Босна.

Во секој случај можно е за Косово да се бара посебен третман и да се објасни дека неговата самостојност не е преседан и пример за другите региони“ - појаснува “Упсала ниа тиднинг“.

Данскиот весник “Политикен“ бара јасен став на ЕУ околу статусот на Косово:

“Тоа што Западот покажува обзири му дава на Кремљ само нова сила и храброст да поставува нови и нови барања. Но, измаченото Косово мора конечно да добие самостојност – меѓу другото тоа е добро и за Србија. На најголемиот број српски политичари им е јасно дека Косово е загубено, но тие немаат сила да го кажат тоа отворено. Со осамостојувањето на Косово би се отвориле вратите за Србија и на патот кон НАТО и ЕУ. А тоа е од решавачка важност за стабилизирањето на Балканот. Дипломатската игра со Русите во целата приказна само ја отежнува ситуацијата. ЕУ тоа би требало конечно јасно да и‘ го стави на знеаење на официјална Москва.“

Шпанскиот “Ел Паис“ пак се осврнува на решавачката фаза од преговорите за иднината на Косово и вели:

“Околу двата милиони етнички Албанци на Косово веќе со години живеат во државна творба што постои паралалено со Србија. Белград во суштина воопшто не би бил во состојба да управува со ова подрачје. Така, ако не профункцираат преговорите за статусот, алтернатива за планот на ОН за статусот би било само еднострано прогласување независност од страна на Косово, што би била признаена од страна на Западот. Согласност на Русија би била секако решение за посакување. Но, поделбата на Западните земји по ова прашање секако би и‘ помогнала на Русија повторно да стане велесила“ - со доза на страв пишува шпански Ел Паис.