Меѓународен апел да се признаат резултатите во Конго
16 ноември 2006Независната Изборна комисија синоќа ги соопшти резултатите од сите 169 изборни единици. Според привремените резултати победа однесе досегашниот претседател на Конго Јозеф Кабила. Тој освои 58%, додека неговиот ривал Жан Пјер Бемба 42% од гласовите. Но изборната комисија сепак не го прогласи и официјално Јозеф Кабила за победник на претседателските избори, бидејќи противникот Жан Пјер Бемба поднесе повеќе жалби поради изборни неправилности. На повеќе места имало разлика меѓу избројаните и објавените гласови, а освен тоа наводно гласале повеќе од еден милион нерегистрирани избирачи. Поради сето тоа изборниот сојуз на Бемба го обвинува Кабила за изборна измама.
Досегашниот претесдател Јозеф Кабила во меѓувреме го повика населението на мир и апелираше да се причекаат конечните и официјални резлутати. Тој исто така посочи дека силите за безбедност нема да дозволат безредија како оние од минатиот викенд или пак претходните кон крајот на август, по првиот круг од претседателските избори. Тогаш во дводневните улични борби меѓу приврзаниците на двата табора животот го загубија повеќе од 20 лица, додека изминатиот викенд загинаа четворица.