Меси го продолжи договорот со Барселона
18 декември 2012Реклама
Фудбалскиот клуб Барселона долгорочно ги зацврсти врските со своите тројца играчи-ѕвезди Лионел Меси, Чави Ернандес и Карлес Пујол. Како што соопшти клубот денеска (18.12.2012) раководството се договорило со Лионел Меси за продолжување на неговиот договор, кој истекува до 2016. година, за две години, до 2018. година. Договорите на Чави и на капитенот Пујол продолжуваат сега до 2016. година. Барселона во шпанската лига останува суверено на врвот на табелата. Три кола пред крајот на полусезоната Каталонците имаат девет бода предност пред Атлетико од Мадрид и 13 бода пред Реал.