Мајмунска прогноза за изборите во САД
5 ноември 2016Мајмунот Геда, кој живее во Еколошкиот туристички парк во Шијанху во Кина, облечен во жолта маица на која беше испишана неговата неофицијална титула- „крал на пророците“ доби можност да избира меѓу две картонски макети во вистинска големина на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп и на ривалката од Демократската партија Хилари Клинтон.
По кратко размислување мистичниот мајмун го избра Трамп. Без многу чекање тој дури и му ја честита „победата“ на картонскиот кандидат со бакнеж. Погледнете го видеото од „изборот“:
Пет годишниот примат точно предвиде дека Португалија ќе го освои шампионскиот пехар на ЕУРО 2016 во Франција, два дена пред финалето во кое тимот предводен од Кристијано Роналдо славеше во финалето против фаворизираниот домаќин со 1:0.
Тогаш Геда требаше да избира меѓу знамињата на Португалија и Франција на кои беа закачени банани. Тој истотака по „кратко размислување“ се упати кон знамето на Португалија и ја изеде бананата закачена на него.
Мајмунот пророк е последен во серијата животни со наводни претскажувачки моќи, кои се појавија ширум светот откако октоподот Паул во Германија во 2010 година се стекна со светска слава успешно прогнозирајќи го победникот на секој натпревар кој го играше германската репрезентација на Мундијалот во Јужноафриканската Република, вклучително и победата на Шпанија во финалето против Холандија.
Погледнете ја галеријата за „колегите“ на Паул во животинското царство: