1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мартин Ердман: Македонија е актуелна тема во НАТО во Брисел!

Силвера Падори-Кленке3 јули 2014

Амбасадорот Мартин Ердман, постојан претставник на Германија во советот на НАТО во Брисел, за Дoјче веле говори за Македонија, нејзините аспирации кон Алијансата и реалноста која ја наметна грчката блокада.

https://p.dw.com/p/1CTN1
Фотографија: DW/S. Padori-Klenke

ДВ: Господине Амбасадор, за Македонија членството во НАТО е од големо значење. Но, се чини, иако учествува со свои војници во мисиите на НАТО, земјата не е особено значајна за Сојузот. Дали членството на Македонија и нејзината иднина во НАТО воопшто е тема во круговите на Алијансата, или со ова се преокупира само македонската јавност?

Мартин Ердман: „Темата е актуелна! Токму пред една седмица разговаравме со претставници на македонската Влада за резултатите од 15-тиот циклус на акциониот план за членство. Поточно, за ова се дискутираше со министерот за надворешни работи и со министерот за одбрана, кој патем по изборот на функцијата, токму во Брисел ја имаше својата прва работна задача. На дневен ред беше согледувањето, советувањето околку годишниот извештај на акциониот план. Но, да одговорам на вашето прашање: Да, Македонија е тема во НАТО во Брисел! Второ, ние сите, па и јас во име на германската влада, сме благодарни за придонесот на Македонија во различните операции на НАТО. Учеството на Македонија го третираме како придонес во солидарноста со Алијансата во нејзините операции и мисии. Трето, сите делегации во меѓусебните разговори јасно кажаа дека предусловот за членство на Македонија, како што беше кажано и во Букурешт во 2008 година, останува решавањето на спорот со името. Грчката влада повоторно и повторно појаснува, како што на пример тоа го стори и пред една седмица грчкиот министер за надворешни во Брисел, дека не станува збор за билетарелно туку за интернационално прашање, кое во рамките на ОН се третира преку посредувачот Нинмиц. Значи, ова е констелацијата на НАТО нациите, освен на Грција – сите чекаат прашањето околу името билатерално или интернационално да се реши, по што патот за членството на Македонија ќе биде отворен“.

ДВ: Факт е меѓутоа дека Меѓународниот суд на правдата од Хаг пресуди дека со грчката блокада на Македонија на самитот во Букурешт беше прекрешено меѓународното право. Зошто Алијансата не се корегира во толкувањето и однесувањето во корист на меѓународното право и на Македонија?

Мартин Ердман: „Одговорот гласи: така е утврдено во коминикето од Букурешт! Ова значи има конзес од тогашните 26 членки (Албанија и Хрвастка не беа членки, н.з.) кој вели: кога еднаш спорот со името е решен, ФИРОМ ќе стане членка на НАТО. Значи вакиот постигнат конзензус би требало најпрво да се раскине, во име на еден нов консензус. Таква е регулатривата во НАТО. И доколку нема нов консензус, а Грција тој нов договор никогаш нема да го прифати, значи нема ниту нова состојба, ситуација“.

ДВ: Имајќи ја предвид одлуката од Хаг, нема ли можност правните држави како Германија, САД, Франција, Британија да побараат од Грција да го почитува меѓународното право и да ја отстрани блокадата?

2. Adenauer-Konferenz in Berlin 2014
За НАТО важна е солидарноста со членките на „клубот“, вели амбасадорот Мартин ЕрдманФотографија: DW/S. Padori-Klenke

Мартин Ердман: „Не, за ова нема никаква подготвеност. Грција е членка на „клубот“. Секогаш солидарност се гради со оној кој е член на клубот“.

ДВ: Значи Македонија не може ништо да направи зашто никој не е подготвен да помогне да се спроведе правдата, па останува самата да се справува со проблемот?

Мартин Ердман: „Мојот одговор на ова прашање може да биде само строго дипломатски. Решавањето на спорот со името е во рацете на меѓународниот посредувач Нимиц. Тој својот мандат се’ уште не го вратил, и затоа важи дека е застапник на генералниот секретар на Обединетите нации, кој овој проблем заедно со двете страни мора да го реши“.

ДВ: Со други зборови кажано, значи дека и во Велс за Македонијан нема да има никакви новини?

Мартин Ердман: „Министерите за надворешни работи пред една седмица едногласно се согласија проширувањето на НАТО да не е тема во септември. Во прашање беше Акциониот план за членство за Грузија – да или не! Покана или не за Црна Гора? Министрите се согласија дека Грузија нема да добие статус за акциониот план за членство, туку пакет за поинтензивна соработка со НАТО со цел да се интензивира и подобри практичната димензија. Што се однесува до Црна Гора одлучено е Самитот да не се изјаснува околу поканата, но во наредниве 15 месеци да има разговори. Црна Гора треба да ги елимира дефицитите и најдоцна на крајот на 2015 година ќе треба да се провери состојбата за доделување покана“.