1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маровиќ за Дојче Веле:,, Да нема еднострани решенија за Косово“

19 октомври 2005

Претседателот на СЦГ, Светозар Маровиќ, се залага за искрен дијалог меѓу Белград и Приштина околу решавањето на косовскиот статус.

https://p.dw.com/p/AcgD
Маровиќ (лево) со Шредер за време на посетата на Германија пред неколку месеци
Маровиќ (лево) со Шредер за време на посетата на Германија пред неколку месециФотографија: dpa - Bildfunk

Коментирајќи го скорешниот почеток на преговортите ѕа статусот на покраината, во кои е вклучена и Меѓународната заедница, Маровиќ во интервјуто за Дојче Веле предупредува од донесување еднострани решенија.

Косово е едно од најважните прашања , не само за СЦГ туку и за останатите земји од регионот, и токму затоа, според српско црногорскиот претрседател, многу е важно како ќе се однесуваат останатите лидери во регионот. Светозар Маровиќ, во интервјуто за Дојче Веле, апелира за фер решение:

,, Вие знаете дека Косово нема иднина ако се врати во минатото или ако остане во сегашноста. Единствена формула за него е да се пронајде некој модус вивенди за неговата иднина,, нагласува Маровиќ и додава дека Косовскиот статус треба да се направи врз основа на европските принципи. Притоа, апелира претседателот на СЦГ , треба да се избегнат какви било еднострани решенија.

Маровиќ е свесен дека решавањето на статусот на Косово нема да оди лесно. Додека од една страна, вели тој, од албанска страна се повеќе се повторува дека единствена опција е неговата независност, во Србија и Црна Гора се нудат низа други решенија, како на пример, автономија. Свеста кај луѓето тешко дека ќе може да се измени, нагласува Маровиќ:

,, Не може да се разговара за една работа, а тоа е дека никој во Белград не може да прифати дека дел од територијата на СЦГ може да биде отцепена без согласност или пак да се изменат границите,, категоричен е претседателот на СЦГ, но сепак се оградува од каков било предлог за решавањето на косовскиот статус.

,, Сега треба да се работи, да се најде решение , но во тоа нема да успееме ако си поттурнуваме решенија кои се неприфатливи за едните или другите, вели Маровиќ и додава:

,, Сите ние сме свртени кон Европа. Ако сакаме да се свртиме кон европските институции мораме да жртвуваме нешто поради тие европски интеграции, кои на сите им ностат шанса за напредок, стабилизација, мир и социјална сигурност.“

Српскоцрногорскиот претседател тврди дека конечниот статус на Косово треба да се базира на претходно постигнат компромис од сите засегнати страни. Во спроривно, тој не ја исклучува можноста од повторни немири во регионот.