1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МАНУ повика на почитување на човековите права во Украина

ДТЗ
9 март 2022

Македонските академици изразија морална поддршка до Украинската академија на науките.

https://p.dw.com/p/48DVH
Nordmazedonien Skopje Protest gegen Ukraine-Krieg
Протести против руската агресија во СкопјеФотографија: ROBERT ATANASOVSKI/AFP

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите го осуди загрозувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и повика на толеранција и почитување на човековите права. Изразува и силна морална поддршка до Украинската академија на науките.

Претседателството на Македонската академија на науки и уметности повикува на толеранција, заеднички соживот во мир и почитување на човековото достоинство и права. „Се залагаме за исклучување на секакво насилство и решавање на сите спорови по мирен пат и изразува силна морална поддршка до Украинската академија на науки и украинскиот народ”, се вели во писмото.

Академиците се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации, а особено од деловите кои се однесуваат на зацврстување на верувањата во темелните права на човекот, во достоинството и во вредноста на човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или мали.

„Тргнувајќи од Универзалната декларација за човекови права, а особено Членот 3 според кој 'секој има право на живот, слобода и сигурност', најостро се осудува загрозувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, порачаа од МАНУ. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема