Македонија тагува по загинатите војници
15 јануари 2008Реклама
Погребите завршија но остануваат празнината и болката. Македонија продолжува да тагува по 11-те мировници. Во Скопје на градските гробишта во Бутел беа погребани пет војници со највисоки државни и воени почести. Останатите шестмина во истовреме беа погребани во местата каде што живееја.
Плотуни и посмртен марш. Во Алејата на заслужните, заедно со нивните најблиски тагуваа и државниот и црковниот врв, нивните колеги од армијата, странските амбасадори.
За време на погребните церемонии, но и завршувањето голем број граѓани палат свеќи пред Домот на АРМ во центраот на Скопје, но и пред Соборниот храм. Загубата е ненадомеслива едногласни се сите.
Сочувство на Македонија и изрази и Еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана.
Трагедјата се случи во саботата. Неколку минути пред слетувањето, армискиот хиликоптер се урна близу Скопје, загинаа сите единаесет војници кои се враќаа дома од шестмесечната мировна мисија АЛТЕА во БиХ. Истрагата е во тек. Црните кутии се преслушани но сеуште не се објавени причините за несреќата.