1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија може да придонесе како фактор за стабилност за Косово и Србија

Силвера Падори2 февруари 2007

Пратеникот на Бундестагот Валтер Колбо со свој став околу решението за косовското прашање и уставното име на Македонија.

https://p.dw.com/p/AcSv

Пратеникот на Буднестагот, заменик претседател на Социјалдемократите во германскиот парламент Валтер Колбо во врска со косовското прашање за Дојче Веле истакнува:„ Се надевам дека решението за Косово кое Ахтисари деновиве го најави нема да доведе до насилство. Сметам дека Македонија може да придонесе како фактор на стабилност за Косово и Србија. Ова оттаму што откако ја надминаа сопствената криза Македонија е пример за стабилност“ вели Колбо

Валтер Колбо, во врска со проблемот меѓу Македонија и Грција околу името пак смета: „Вечерва укажав дека Бундестагот уште во 2004 од сојузната влада бараше во рамките на Европската унија да се заложи за примена на уставното име на Република Македонија. Сега кога до јули, Германија го има претседателствувањето со Европската унија, сметам дека мора нешто да направи за ова и уставното име Република Македонија да се примени во реалноста. “