1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и НАТО

Александар Чомовски23 мај 2007

Од оптимизам до песимизам,колкави се шансите за прием на земјата во Алијансата

https://p.dw.com/p/AnyS
Фотографија: NATO

Ние ќе работиме со нашите партнери за нивното членство во НАТО по самитот во Букурешт,ова е последната изјава на Џорџ Буш по разговорите со Јаап де Хоп Шефер,генерален секретар на Алијансата пред мини балканската турнеја на американскиот претседател.Од оптимизам до поблаги резерви,такви се реакциите на македонската политичка елита особенно по најавите дека по Тирана на средбата со премиерите на Хрватска,Албанија и Македонија,Буш би можел да ги потврди поканите за влез на ова група во НАТО.

Шефот на македонската дипломатија не верува во ваквата најава,а македонскиот претседател Бранко Црвенковски во синоќешниот настап за ТВ Канал 5 не гледа своја вина во критиките дека Македонија ги забавила НАТО реформите:

„Не,објективно во меѓувреме се направија грешки и се губи драгоцено време тука во Македонија и тоа се вреднува соодветно и во Брисел,се оценува и токму затоа во овој период добиваме понегативни оценки и критики дека заостануваме во реформите пред се во однос на Хрватска.“

Постојат реални шанси за влез во НАТО,вели генералот Стојановски,началник на Генералштабот на АРМ:

„Се надевам,оптимист сум и сметам дека треба да ја добиеме поканата.Но,знаете дека и претходно имаше една таква најаво во 1996 година,па тоа не се случи,па настана некакво разочарување.Ова е шанса која мора да ја искористиме,сега и во овој момент.“

Во македонските медиуми преовладувачки се резервите дека Македонија по 2008 би била член на Алијансата доколку не ги суреди внатрешните политички состојби,особенно по застојот на политичкиот дијалог власт опозиција.

„Сеуште се 60 :40 за нас проценките,но тенденцијата е во опаѓање,шансите полека опаѓаат како што се блокира дијалогот и како што се зајакнуваат проблемите“,рече Бранко Геровски,главен и одговорен уредник во неколку македонски весници.

Во државава голем публицитет добиваат грчките остри закани за евентуелано вето околу македонските евроатлански аспирации ако не се реши спорот со името.Владиниот врв во Скопје тоа го доживува како можен популистички бран пред можните парламентрани избори во Грција:

„Ние ќе се воздржиме од коментари,не сакаме да се мешаме во нивните избори,нека збпруваат што сакаат,ние ќе ги водимее разговорите таму каде што треба“,реагираше македонскиот премиер Никола Груевски по изјавите на својот грчки колега Караманлис кој е турнеја во Австралија.