1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР: Ситуацијата на Косово е стабилна

1 февруари 2007

Во очекување на планот на Ахтисари на Косово населението е загрижено, Албанците очекуваат независност но стравуваат дека нема да добијат доволно. Србите во покраината пак се надеваат дека Косово нема да добие широка независност. КФОР уверува дека ситуацијата е стабилна.

https://p.dw.com/p/AdgW
Призрен
ПризренФотографија: DW

Командантот на мултинационалните сили во јужниот сектор на покраината, германскиот генерал Јоаким Фрулих, оцени дека ситуацијата во покраината е мирна. Силите на КФОР го контролираат делот кон границата со Македонија и се подготвени да интервенира доколку за такво нешто има потреба: „Во моментов немаме никакви индиции и закани дека ќе дојде до евентуални немири. Доколку нешто се промени и дојде до влошување на состојбата ние заедно со припадниците на косовските полициски сили соодветно ќе одговориме на тоа. Меѓутоа јас сум убеден дека нема да има никакви проблеми“ изајви генерал Фрулих во Призрен

Косовската влада за утре закажа вонредна седница, која ќе се одржи веднаш откако Марти Ахтисари ќе го изнесе предлог решението за статусот на покраината.