1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КФОР ги отстранува српските барикади

20 октомври 2011

По одлуката на српските општини да не дозволат слободен проток на сообраќајот, припадници на КФОР од утринава (20.10.2011) ги тргаат барикадите на северот на Косово.

https://p.dw.com/p/12vcf
Србите во северно Косово не се откажуваат од блокадитеФотографија: dapd

Припадниците на КФОР утрово започнаа со акција за отстранување на српските барикади на северот на Косово во правец кон преминот Брњак. Локалните Срби се обидуваат да ги заштитат барикадите со своите тела, седејќи на локалниот пат.

Припадниците на КФОР во два наврати фрлиле солзавец со цел да ги растераат. Засега нема информации за повредени.

Dossierbild 3 Grenzstreit Serbien Kosovo
КФОР сака да обезбеди слободен проток на сообраќајотФотографија: dapd

Српскиот претседател Борис Тадиќ утрово побара од КФОР и од Еулекс да се воздржат од употреба на сила, а од лидерите на локалните Срби да одлучуваат во интерес на своите граѓани.

Српските општини на северот на Косово вчера одлучија да не ги тргаат барикадите, но да му овозможат на КФОР да врши снабдување на своите единици. Од КФОР побараа одлуката да важи и за припадниците на Еулекс.

Автор: БГ/бета

Редактор: Жана Ацеска