1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кушнер бара единство на ЕУ околу Косово

22 септември 2007

Косово е важно европско прашање, но за неговото решавање е важна и поддршката на САД, изјави шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер во обраќањето во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/BiRG
Бернар КушнерФотографија: AP

Францускиот министер за надворешни Бернар Кушнер смета дека „надворешната политика на ЕУ е родена на Балканот“ поради што не „смее да доживее неуспех на Балканот“.

„Сакам да нагласам колку сметаме на поддршката на САД во европското решение на проблемот со Косово. Кредибилитетот на Европа е ставен на коцка во стабилизацијата на оваа средина. Затоа е клучно да останеме единствени ако сакаме да избегнеме повторување на трагедијата од минатото, изјави Кушнер во излагањето во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Тој нагласи дека зачувување на актуелниот статус на Косово би било поризично отколку покренување на процесот за конечно решавање на статусот.

„Ризик имаше и во одржување на статус кво. Ризично беше и да се дејствува. Заедно сметавме дека со поддршка на заклучоците од планот на Ахтисари и принципот на набљудувана независност за Косово, одржување на статус кво е поризично отколку да се активира процесот преку кој ќе се дојде до решение за статусот“, нагласи Кушнер.Тој во оваа прилика ги поддржа европските перспективи на балканските земји.