1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на стриктната забрана на абортус во Ирска

ЕМФ /агенции
26 мај 2018

Во Ирска е отворен патот за полиберален закон за абортус. На вчерашниот референдум мнозинството граѓани се изјаснија за реформа на најстриктниот закон во Европа, велат прогнозите.

https://p.dw.com/p/2yLqf
Irland Referendum
Фотографија: Getty Images/J. J. Mitchell

На референдумот во Ирска големо мнозинство од избирачите се изјасниле за либерализација на законот на абортус. Според прогнозите направени по налог на весникот „Ајриш Тајмс“, за либерализација гласале 68% од избирачите, додека против биле 32%. Инаку, со официјалното броење на гласовите се почнува денеска.

Владата на премиерот Лео Варадкар ги повика граѓанките со право на глас да се изјаснат околу исфрлањето на дополнителниот осми амандман во Уставот и со тоа да го отворат патот за полиберален закон за прекин на бременоста. „Од мене едно големо ДА“, напиша премиерот на Твитер по гласањето. Од воведувањето на осмиот амандман во странство биле извршени околу 170.000 абортуси, рече Варадкар во четвртокот за радиото Њусток. Референдумот, според него, е „шанса“ за цела една генерација.

Повеќе: Законот за абортус на референдум: За што се гласа во Ирска?

Во католичка Ирска во сила е еден од најстрогите закони за прекин на бременост во ЕУ. Кој ќе го прекрши законот, соочен е со казна затвро до 14 години. Абортус во Ирска е забранет дури и по силување. Комисијата за човекови права на ОН во 2016 година ја критикуваше забраната за абортус како прекршување на меѓународните договори за човекови права и од ирската влада побара нејзина преработка.

Irland Referendum
Илјадници Ирци кои се во странство дошле во татковината специјално за да гласаат на референдумотФотографија: picture-alliance/dpa/PA Wire/L. Mcburney

Со референдумот сега на парламентот би требало да му се овозможи легализација на абортусот до 12-та недела од бременоста. Во истражувањата на јавното мислење застапниците на либерализацијата на законите беа во тесно водство. Како што јавуваат медиумите, десетици илјади Ирци кои живеат во странство се вратиле во татковината специјално за да гласаат на референдумот.