1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коштуница против членство на Србија НАТО

15 септември 2007

Белград мора да подготви одговор во случај на еднострано прогласување на независно Косово и негово признавање од поедини земји

https://p.dw.com/p/BgF8
Воислав КоштуницаФотографија: AP

Српскиот премиер Восилав Коштуница денеска изјави дека е против влез на неговата земја во НАТО. Коштуница, ваквиот став го внел во предлог програмата на неговата партија ДСС. Србија треба да остане неутрална бидејќи нејзиниот државен и национален интерес бараат непристапување кон воени сојузи. Според него, нема никакви противречности меѓу пристапот кон програмата Партнерство за мир и одбивањето за членство во НАТО.

Инаку Коштуница смета дека Србија, со усвојувањето на новиот устав и спречениот обид за носење резолуција во советото за безбедност остварила две победи во борбата за зачувување на Косово. Земјата според премиерот е соочена со реална опасност дека албанските сепаратисти еднострано ќе прогласат независност, која би ја признале еден дел влијателни држави. Во случај да се реализираат ваквите закани, Коштуница смета Белград треба да има подготвен одговор.

Приштинскиот весник „Коха Диторе„ повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека по изборите на Косово, Белград би можело да предложи конфедерација на Косово и Србија како решение за статусот на покраината. Таквата конфедерација би била слична на поранешната меѓу Србија и Црна Гора. Западните дипломати во Приштина, пишува „Коха Диторе„ сметаат дека ваквото прашање би било полесно за разгледување отколку она за поделба на покраината.