1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовските Срби одлучуваат за барикадите

9 август 2011

На состанок во Лепосавиќ на кој ќе присуствуваат сите претставници на Србите на Косово ќе се одлучува за договорот со КФОР и за подигање на барикадите кои веќе 15 дена ги блокираат патиштата.

https://p.dw.com/p/12DHi
Фотографија: DW

Косовските Срби денеска ќе одржат Собрание, на кое треба да одлучат дали ќе го почитуваат постигнатиот договор меѓу КФОР и српската влада за контрола на спорните гранични премини. Прва точка на седницата е прашањето на барикадите, кои веќе 15 дена се поставени на локалните патишта на северот на Косово. Делегација на косовските Срби во неделата на средба со српскиот претседател Борис Тадиќ се согласи да го прифати договорот со КФОР.

Главниот преговарач на Белград, Борислав Стефановиќ вчера најави дека техничките преговори со Приштина ќе продолжат на 5 септември под покровителство на ЕУ.

Автор: БГ/ТТ/бета

Редактор: Горан Чутаноски