1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово ќе добие нова влада

8 јануари 2008

Речиси два месеци по парламентарните избори во Косово, двете најголеми партии постигнаа согласност за составување заедничка влада.Таа најави дека приоритет ќе и биде покраината што поскоро да стане независна

https://p.dw.com/p/CmQV
Тачи ќе биде идниот премиер на КосовоФотографија: AP Photo/Visar Kryeziu

Главни задачи на владата ќе бидат брзо отцепување од Србија и изградба на суверено и независно Косово, изјави идниот премиер на Косово, Хашим Тачи во Приштина. Според коалициониот договор, Демократската партија на Косово на Тачи го добива местото на премиерот, претседателот на парламентот, заменик премиер и седум министерства, додека на Демократскиот сојуз на Косово на претседателот Фатмир Сејкдиу му припаѓаат местото претседател на Косово и пет министерски места.