1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: утре распуштање на парламентот

СН/ам/миа/бета/мф6 мај 2014

Лидерите на политичките партии на средбата со претседателката Атифете Јахјага се согласија да се распушти парламентот, со што се отвора пат за одржување на предверемни парламентарни избори на Косово.

https://p.dw.com/p/1BuZd
Фотографија: DW/B. Shehu

„Распуштањето на Парламентот ќе биде почеток на процес со лидерите на политичките партии за одржување предвремени избори“, изјави косовската претседателка Атифете Јахјага по состанокот со претседателите на политичките партии.

На средбата присуствувале премиерот и лидер на Демократската партија, Хашим Тачи, лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и потпретседателката на алијансата за ново Косово, Мимоза Кусари-Лила.

На средбата паднал договор парламентот да се распушти на вонредна седница која ќе се одржи утре, кога ќе се соопшти и датумот на одржување на изборите.

Поради тоа законот за формирање вооружени сили на Косово останува во надлежност на новиот парламент, исто како и законот за загарантирани пратенички места за малцинствата. Претходно косовскиот премиер Хашим Тачи по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе истакна: „Парламент кој не може да основа своја војска нема ни потреба да постои“.

Тачи изјавил дека за основањето на косовската војска не се гласало поради „изборната треска кај неколку партии“.

Косовската претседателка Јахјага ги повика денеска парламентарните лидери на партии да постигнат консензус за формирање на вооружени сили на Косово и одржување предвремени избори.