1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Укинат имунитетот на водечките политичари

21 септември 2011

Косовскиот уставен суд им го укина имуниттеот на водечки политичари од Косово во врска со воените злосторства од 1998 до 2000 година. Тоа важи за претседателот, премиерот и пратениците.

https://p.dw.com/p/12dRa
Ниту премиерот Хашим Тачи нема да ужива имунитет од евентуално кривично гонењеФотографија: DW

Претседателот на Косово, премиерот и пратениците во парламентот немаат никакви права на заштита од правни чекори поради дејства или одлуки кои се надвор од нивната сегашна одговорност, соопшти судот. Тоа важи за гонењето и злосторствата направени пред почетокот, но и за време на нивниот мандат. Единствено претседателот може да биде изземен од правно гонење, апсење или притвор.

Пресудата на косовскиот уставен суд го отвора патот за ЕУ-полицијата и правната мисија на Косово, Еулекс, да ја продолжат нивната истрага против воените злосторства вклучувајќи ја и илегалната трговија со човечки органи. Според тврдењата на поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, ОВК меѓу 1998 и 2000 година вршела „нечовечки дејствија“ врз повеќе стотици затвореници, кои потоа исчезнувале без трага.

Kosovo - Befreiungsarmee UCK
Припадници на ОВК во 1999. годинаФотографија: AP

Според извештајот на швајцарскиот европратеник Дик Марти, изработен по налог на Советот на Европа, подоцнежниот премиербна Косово Хашим Тачи бил поврзан со овие активности како шеф на груапата на ОВК во Дреница. Според извештајот, на затворениците им биле вадени органи и продавани на црниот пазар.

Судија на Еулекс на почетокот на септември подигна обвинение против десет осомничени воени злосторници поради воени злосторства против цивили и воени затвореници. Меѓу обвинетите е и Фатмир Лимај, сегашен пратнеик од владејачката Демократска партија на Тачи. Тој е меѓу најпознатите команданти на ОВК, а во постапка пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, во 2007 година беше ослободен.

Автор: ЖА/БГ/афп

Редактор: Борис Георгиевски