1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово тема во германскиот печат

2 април 2007

“Србија води дипломатска битка за Гана”, “Победа на Москва во етапи” - што се крие зад овие наслови од коментарите во германскиот печат инаку посветени на Косово

https://p.dw.com/p/Ae40
Совет за безбедност на ОН
Совет за безбедност на ОНФотографија: AP

.

“Европа не може да се усгогласи околу политиката на Косово и така и излегува во пресрет на Русија” коментира Зидојче Цајтунг и продолжува “неединството во Унијата би можело да потрае, најмалку поради тоа што дел од земјите членки се загрижени дека Косово би можело да послужи како пример и за барањата на нивните малцинства.” Авторот на текстот заклучува и дека министрите за надворешни работи на ЕУ за време на викендот испратиле важен сигнал бидејќи идниот статус на Косово го поврзаа со одлуката во СБ, која додека не биде донесена ќе важи статус кво. “Така Европејците ја одстранија заканата од некои земји дека еднострано ќе го признаат Косово, уште едно средство против руско – српското одбивање”. Авторот уште констатира дека патот за дијалог во СБ ја става и Србија во нова ситуација: таа земја веќе нема да мора да се прикажува како жртва на западниот политички диктат, што ќе ги зајакне нејзините умерени политички сили. Заклучокот од целиот текст во “Зидојче Цајтунг” гласи: новите игри околу Косово почнуваат допрва.

Конзервативниот весник “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг српската политичка стратегија ја оценува под насловот “Битка за Гана”, дообјаснувајќи дека Србија сега ја бара поддршката од непостојаните членки во СБ. Текстот вели:

“Доверба е добра работа, но Конго подобра. Владата и националната опозиција во Србија јавно говорат за тоа дека се сигурни оти Русија во СБ ќе стави вето кога ќе се носи одлуката за статусот на Косово. Но, никој не може да ја исклучи можноста дека Русија на крајот може да се воздржи од гласање, па поради тоа Белград од неодамна се труди да ја стекне наклоноста од останатите десет непостојани членки на Советот. Бидејќи одлуките во СБ поминуваат само ако за нив гласаат девет гласови од петнаесетчленото тело. Накратко, српската влада сега се надева во поддршката од трите африкански држави”, пишува весникот и продолжува “токму затоа Марти Ахтисари беше во предупредувачка мисија во Јужна Африка каде се обидуваше да им објасни дека неазвисноста на Косово е само последен чин од распаѓањето на Југославија,” вели во својот напис посветен на Косово, весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.