1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово со најголем наталитет во Европа

18 септември 2006

Состојбата во Косово , останува во фокусот на интересот на германските весници. Во своето денешно издание весникот Зидојче Цајтунг објавува интервју со шефот на УНМИК , Германецот Јоаким Рикер додека Франкфуртер Алгемајне Цајтунг го анализира податокот дека Косово има најголема стапка на наталитет во цела Европа. Издвојуваме дел од пишувањата:

https://p.dw.com/p/Ae5t
Призрен
ПризренФотографија: DW

Во текстот под наслов Максимум , весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг пишува дека на Косово има најголеми прираст на населението додавајќи :

„Во 1948 година просечното семејство умаше 6,4 членови. До почетокот на 80-те години од минатиот век овој број достигна 7 , пред се благодарејчи на подобрата здравствена заштита. Од другастрна ниту на Балканот не е непознат модерниот европски феномен на едно дете во семејството. Така на пример Грција ја има една од најниските стапки на наталитет во целата Европска Унија“- пишува весникот Фрнкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Во денешното издание весникот Зидојче Цајтунг кој излегува во главниот град на германската покраина Баварија, Минхен ја пренесува веста за тоа дека за првпат по две децении во Белград била одржана воена парада. Поводот бил пристапувањето на првите офицери на војската на Србија . , по излегувањето на ЦРна Гора од државната заедница.

Истиот весник меѓутоа многу повеќе внимание му посветува на интервјуто со новиот шеф на меѓународната администрација на Косово ,Јоаким Рикер . Повод за разговоро се преговорите за статусот на покраината. На прашањето каква улога има УНМИК во одлучувањето за статусот , Рикер вели:

„ УНМИК нема клучна улога . Но постои интерес да се продолжи со динамиката на преговори и специјалниот пратеник на ОН за статусот Марти Ахтисари и Контакт групата ги реализираат временските и суштинските цели.

На прашањето дали ситуацијата на северот на Косово , каде што живеат голем број Срби се влошува , со оглед дека таму беа распоредени нови сили на КФОР , шефот на УНМИК одговара дека : „Распоредувањето на трупите е одговор на изјавите на српските градоначалници на северот на Косово м кои не сакаат да соработуваат со властите во Приштина , и додаде дека таму постојат тенденции за поделба на населението , пишува весникот Зидојче Цајтунг.