1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово слави

Дојче Веле и Агенции (Н.Г.)17 февруари 2009

Централната прослава по повод првата годишнина од независноста на Косово е во Приштина. Косовските политичари предупредуваат на опасноста од eтничка поделба на земјата. Приштина бара од Западот да го вразуми Белград.

https://p.dw.com/p/Gvv6
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Неколку стотици луѓе веќе се на улиците низ повеќе косовски градови за да ја прослават првата годишнина од независноста на земјата. Во Приштина се веат знамиња и се пее, јавуваат агенциите. И покрај прославата, тензиите на Косово остануваат, особено во северниот дел. Свечена седница по повод годишнината, ќе се одржи во косовскиот парламент, но седница ќе одржи и српското собрание на Косово и Метохија. За таа цел, во градот Звечане ќе допатуваат и пратеници од Собранието на Србија и Министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ.

„Во случај на каква било провокација, особено во северниот дел, веднаш ќе реагира косовската полиција, “ изјави косовскиот заменик премиер Раме Манај. Тој апелираше до сите граѓани прославата да мине мирно и без инциденти и провокации.

Interview Fatmir Sejdiu
Косовскиот претседател, Фатмир СејдиуФотографија: DW

Сејдиу: Белград го користи српското малцинство како заложник

Претседателот Фатмир Сејдиу, кој постојано предупредува на опасноста од етничка поделба на земјата, синоќа (16.02.2009) ја повика меѓународната заедница да го засили притисокот врз Србија за раководството во Белград да не го користи српското малцинство на Косово како заложник на својата политика. „Не е проблемот во српските граѓани, виновен е Белград кој ги држи стегнато, им диригира и ги тера да прават лоши работи, поради што граѓаните страдаат,“ изјави Сејдиу за „Дојче Веле“. Тој смета дека е време српскиот претседател Борис Тадиќ да го докаже својот, наводно, прозападен став поради кој ја ужива поддршката на западот.

Тадиќ, пак, изјави дека 17 февруари е денот кога властите во Приштина, судејќи според меѓународното право, на незаконски начин прогласиле независност. Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ додаде дека Србија никогаш и ниту под кој било услов нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово. Јеремиќ денеска во Њујорк, ќе разговара со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за Косово и за примената на планот од шест точки, кој Приштина го отфрла.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи