1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово слави, Белград неговува за одлуките на Хашкиот трибунал

1 декември 2005

Косовските институции и лидерите на највисоките политички партии во покраината ја прославија вчерашната одлука на хашкиот Трибунал за ослободување на поранешните команданти на Ослободителната Војска на Косово, а Белград оцени дека таквата одлука дава лоша слика за работата на Трибуналот.

https://p.dw.com/p/Acc3
Фотографија: dpa

Славје на улиците во Приштина. Илјадници граѓани, со гласна музика, свирежи и албански знамиња во рацете ја поздравија вчерашната одлука на Хашкиот трубунал за ослободување на поранешните припадници на ОВК.

Одлуката за ослободување на Фатмир Лимај и Исак Муслиу беше поздравена и официјално. Портпролот на косовскиот претседател, Хамити, ја пренесе изјавата на Ибрахим Ругова:

,, Судењето ја потврдува оправданоста на ослободителната војска на косовките Албанци против српската окупација, правичноста на борбата за слобода и независност на Косово.“

И косовскиот премиер Бајрам Косуми, како и лидерите на сите поголеми политилчки партии во покраината ја поздравија одлуката на трибуналот. Според зборовите на Хашим Тачи, во чија Демократска партија на Косово членува ослободениот Лимај, победила правдата за народот на Косово. Пресудата за Баљај, кој доби 13 години затвор, речиси никој не ја коментира.

И Албанците од јужниот дел на Косовска Митровица, како што пренесоа агенциите, бучно го прославиле ослободувањето на поранешните припадници на ОВК. Во таа чест бил организиран и огномет, а жителите на градот пукале со огнено оружје. Во косовското село Малешево вчерашното изрекување на пресудата организирано било следено на телевизија во куќите и во кафулињата.

Членовите на Српскиот национален Совет најавија дека ќе вложат протест до КФОР и УНМИК против начинот на прославата.

Претставниците на косовската адмионистрација, пак, се водржаа од коментари за одлукаѕа на трибуналот и изразија уверување дека народот на Косово достоинствено ќе реагира на пресудите за поранешните команданти на ОВК.

Од друга страна, пак официјален Белград соопшти дека пресудите од Хаг даваат лоша слика и можност за шпекулации за работата на судот. Како што изјави советникот на српскиот претседател за прашања од Хашкиот трибунал, Јован Симиќ, не е јасно како никој повеќе на Косово не одговара и не е виновен за сето она што таму им се случи на Србите и неалбанското население.

Дејан Анастасијевиќ, новинар на весникот Време и добар поѕнавач на косовските прилики, за Дојче Веле изјави:

,, Ова предизвика општо изненадување затоа што обвинението против Фатмир Лимај и неговбите соучесници иѕгледаше прилично силно и не беше логично тие да бидат ослободени“, изјави Анастасијевиќ.