1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Косово Преседан“

17 ноември 2006

Една од темите со која денеска се занимава угледниот германски дневен весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ е Косово. Во објавениот коментар под наслов „Косово Преседан“, весникот најголемо внимание посветува на неединството во Европската унија по прашањето за независноста на покраината.

https://p.dw.com/p/Ae5I
Фотографија: picture-alliance/dpa

Коментаторот на весникот напоменува дека балканските држави со големо очекување гледаат на престојното германско претседавање со Унијата. Сите тие држави знаат дека Германија пред се ќе се обиде да го спаси Европскиот устав, и дека тоа ќе има влијание и na нивните амбиции за влез во Унијата.

Коментаторот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг меѓу другото пишува дека наспроти повремени пречки од Русија и Србија се чини дека се наѕира утврдување на решението.

Подготовките по преговорите во Виена, под водство на поранешниот фински претседател Ахтисари течат веќе со недели, напоменува коменаторот и додава дека во шпанското министерство за надворешни работи размислуваат, бидејки не сакаат никаков преседан пред се поради Баскија.

Наведувајки дека слични замерки постојат и кај другите, весникот го цитира експертот за Балкан од Фондацијата за наука и политика од Берлин –Душан Релјиќ кој вели: Рoмaнија веке потврди дека не сака независност на Косово. Словачка исто така, затоа што одвојувањето на Косово против волјата на Србите би било преседан. И во Прага мислат слично. Коментаторот уште го цитира објаснувањето на Релјиќ зошто некои посебно мали држави се загрижени.

“Како некој на една демократски ориентирана држава може да и одземе дел од територијата. Тоа значи дека еден ден исто така и други држави ке можат да ја изгубат својата територија.“

Некои експерти се сомневаат дека во Европската унија поради Косово би можело да дојде до сериозен спор. Експертот за Балкан од истиот институт Франц Лотар Алтман кого весникот го цитира вели: попрво би требало да се размислува дали за Грција што е традиционален сојузник на Србите случајот Кипар игра улога.

Грција се двоуми од страв дека исто така и Северен Кипар би можел да прогласи независност. Многу ќе зависи од тоа како ќе гласи формулацијата условна независнот во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Со оглед на тоа дека преставниците на унгарското малцинство во Рoмaнија бараат автономија, Алтман на крај додава дека не изненадува тоа што Букурешт е малку вознемирен. Но Рoмaнија поради сопствени интереси тешко дека ке отиде толку далеку да го блокира согласувањето на Унијата околу признавањето на Косово.