1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово по Петерсен

22 јуни 2006

Од 1999 година покраината Косово е под управа на Обединетите нации. Прашањето за нејзиниот статус се уште не е јасно, иако малку нешта зборуваат во полза на вистината дека Косово би можело да има широка автономија во Србија. За тоа би требало да се реши до крајот на годинава за што веќе со недели се одржуваат редовни преговарачки рунди во Виена. Во меѓувреме се случува и промена: шефот на УНМИК Сорен Јесен Пете

https://p.dw.com/p/Adin

�сен на крајот на месецов ја напушта функцијата без да се знае дали некој ќе го наследи. Со каков биланс заминува Петерсен?

Данецот Сорен Јесен Петерсен во вторникот пред Советот за безбедност го имаше последниот настап: на крајот на јуни ја напушта мисијата на УНМИК.

На Косово се уште владеат сиромаштија, криминал, корупција и насилство против малцинствата. Тоа пак е во тесна врска со нејасниот статус за кој сега се преговара, откако Советот за безбедност го сослуша и извештајот на главниот посредник Марти Ахтисари. Неговиот заменик, Австриецот Алберт Роан вели:

„Мислам дека е постигната цела низа поединости, согласност за многу конктретни прашања, пред се во подрачјето на заштитата на религиозните објекти и за децентрализацијата„.

Српската делегација на овие преговори ја предводи Леон Коен, советник на српскиот претседател Борис Тадиќ. По последната средба пред три недели Коен многу критички се изјасни:

„Како што сега стојат работите, во моментов има малку надеж за согласност за кое и да е важно прашање. А, една од причините поради која нема напредок е дека без конкретна дискусија за стаусот, малку може да се смета на напредок за централните прашања. На пример, за приватизацијата на поранешната социјалистичка сопственост, или за преземањето на поранешните државни долгови„.

Српската влада бара да запре приватизацијата на поранешната југословенска сопственост на Косово. Притоа станува збор за рудниците за јаглен и железо, како и за косовските вински подруми. Белград посебно бара заштита на вековно старите православни цркви на Косово и широка самостојност за српските населби во покраината. На тој план косовските Албанци прават отстапки. Меѓутоа, широка автономија во рамките на Србија, како што нуди Белград, за нив е премалку, потврдува Ебвер Хоџај, од лабанскиот преговарачки тим:

„Ние сме за тоа на Косово да изградиме модерна држава, а во тоа спаѓаат и правата на малцинствата и ќе направиме се најдобро овие права долгорочно да бидат заштитени со европски стандарди„.

Кај албанското население постои единство дека Косово мора да биде независно, што беше посебно демонстрирано кога почина претседателот Ибрахим Ругова кој секогаш се залагаше за независен статус. Неговиот погреб беше инсцениран како државнички и на него допатуваа косовски Албанци од целиот свет. Се вееја и албански знамиња.

Никакво обединување со Албанија е еден од условите на меѓународната заедница за идната независност на Косово. Вториот е заштитата на малцинствата, на Ромите и Ашкалите, но пред се на Србите. Како и да е, се претпоставува дека до крајот на годинава Советот за безбедност ќе донесе решение за иднината на Косово.