1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово може економски да опстои самостојно

Фабијан Шмит23 август 2006

Интервју со новиот шеф на УНМИК на Косово,Јоахим Рикер

https://p.dw.com/p/AdiK
Фотографија: ©UNMIK DPI

-Нема да ме наведете да речам нешто за зборот кој што почнува со буквата „Н“,тоа не е мој мандат,мојот мандат е ограничен со Резолуцијата на ОН број 1244,а таа не зборува за идниот статус.На Косово се созреани политичките институции,што се гледа според односот на владата и опозицијата или по работата на Парламентот.Тоа достигна степен на зрелост кој мора да биде земен во предвид и при новиот статус.

Вака идниот шеф на УНМИК на Косово го коментираше идниот статус на покраината,но беше и малку поконкретен:

-Важно ни е жителите на Косово да имаат перспектива,а неа и ја добија со почетокот на статусниот процес.Многу е важно што работите се движат и што конечно ќе биде решена политичката иднина на Косово,тоа е фактор на стабилност ,па е важно да не се изгуби овој замав.УНМИК ќе направи се за Марти Ахтисари и Контакт групата да можат да ја остварат Агендата која ја направија,односно до крајот на годината на Советот за безбедност на ОН да му ја достават одлуката за статусот на Косово.А прилики за тоа има.Ние се трудиме да ги исполниме стандардите,колку се тие подобро исполнети,на Ахтисари ќе му биде полесно да предложи можно решение.Демократските стандарди за Косово подразбираат бројни теми,слободата на движење,враќање на раселените,но и воспоставување централна власт на северниот дел со мнозинско српско население.

Јоахим Рикер истакнува дека за нешто се бараат преодни решенија,а нешто мора и да се толерира.Косовската енергетска корпорација на пример обезбедува струја за северно Косово,иако таму неа не јаплаќаат,дури користат други струјни системи.По прашањето за враќање на исчезнатите лица напредок е направен при билатералниот дијалог меѓу Приштина и Белград,но и тука треба да се работи и натаму.Што се однесува на враќањето на раселените и избеганите,исто така има нешто направено,но суштината е дека сите мора да продолжат и натаму да работат на тоа.И Белград и Приштина треба да се потрудат за создавање услови за враќање на раселените.И УНМИК од своја страна работи на проблемот,тоа не е многу,но не треба да се откажуваме.

Рикер досега беше шеф на Економското одделние на УНМИК,па многу внимание е посветено на оваа тема.Тој инсистира дека Косово може да опстане екомонски самостојно,зашто има потенцијали:

-Не би рекол дека сум оптимист,но верувам дека е можно воспоставување траен економски раст,Косово има предности во однос на конкуренцијата кога е збор за енергијата,а студиите на Светската банка и на Европската агенција за реконструкција покажуваат дека на пазарот на ЈУЕ среднорочно,ќе има недостаток од струја.Косово ќе може да ги испегла тие дефицити со ниски трошоци.Сигурен сум дека во тој сектор ќе има инвестиции.Невработеноста е околу 50 проценти,но превисока е за околу 30 проценти и ако се одземе земјоделскиот сектор.И надворешно политичкиот дебаланс е голем,но тоа не е така само овде,туку и на други места.Значи,треба да се засучат ракавите и да се работи,порачува шефот на УНМИК Јоахим Рикер.