1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - мирна прослава на независноста

18 февруари 2008

Косово прогласи независност. Премиерот Хашим Тачи ја прочита Декларацијата, што беше едногласно прифатена од присутните пратеници. Прославата на независноста мина мирно.

https://p.dw.com/p/D92d
Хашим Тачи во парламентот во КосовоФотографија: AP
Премиерот на Косово и некогашен водач на бунтовничката Ослободителна армија на Косово Хашим Тачи на вонредната седница на Собранието на Косово ја прочита Декларацијата за независност на српската покраина и последните осум ипол години протекторат на ОН. Присутните пратеници едногласно ја подржаa изјавата за независност. 10-темина српски пратеници во косовското собрание не присуствуваа на седницата, оти според протоколот, не им било дозволено да го искажат своето несогласување со решението за прогласување незавсност. Тие најавија и дека веќе нема да учествуваат во работата на собранието и ќе дејствуваат вонпарламентарно. Прославите насекаде низ Косово започнаа уште ден порано. Официјалната, по седницата на парламентот, се одржа во Приштина. На свечениот концерт настапија косовската филхармонија и ѕвездите на косовската естрада. Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи на собраните десетици илјади луѓе на плоштадот Мајка Тереза во Приштина им го честитаа прогласувањето на независноста и ја искажаа определбата дека Косово ќе биде демократска држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви услови за живот и работа. Официјалниот дел на прославата заврши со огномет. Прославите севкупно поминаа мирно, потврдено е и од Косовската полициска служба. Три лица, од кои две деца се полесно повредени од експлозии на петарди. Во Митровица имаше експлозија во близина на објект во кој е сместена служба на ОН.