1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово меѓу желби и страхувања

Јерг Пас26 јануари 2007

Пратеникот на Обединетите нации Марти Ахтисари денеска во Виена ќе го презентира неговиот план за решавање на статусот на покраината пред претставниците на таканаречената контакт – група. Иако најверојатно нема да бидат објавени никакви резултати, надежите на луѓето на Косово се големи дека судбината на нивната покраина набргу ќе биде решена.

https://p.dw.com/p/Adgc
Едни очекувања во Приштина, други во Митровица. Што ќе предложи Ахтисари?
Едни очекувања во Приштина, други во Митровица. Што ќе предложи Ахтисари?Фотографија: picture-alliance/dpa

Импровизирана прес-конференција под отворено небо во Митровица. Висок службеник на британското министерство за надворешни работи штотуку разговара за иднината со српски општински политичари од северниот дел на Косово. Најважна тема притоа, разбирливо, планот на претставникот на Обединетите нации Марти Ахтисари:

„Не знам точно како изгледа предлогот. Само знам дека е многу детален и заслужува многу вниматено да се прочита. Иднината на сите луѓе на Косово зависи од тие детали и ве молам да се соочите со тоа„.

Ва кафетеријата „Долче вита„, директно на мостот кон албанскиот дел на Митровица, не се прашува за детали и меѓуредови. Тоа што мислат Британците и други странци кои треба да се грижат за темата Косово, овде наидува на мал одзив:

„Не е добро кога други држави се мешаат и велат: сега доаѓа независност и – готово. Ова е работа меѓу Србите и Албанците„, вели еден студент, додека една негова колешка дополнува:

„Кога некој постојано ти нанесува болка само затоа што си Србин, тогаш си велиш дека не можеш со таков човек да живееш заедно. Можам само да се надевам дека ние ќе останеме во Србија. Ако не, Господ да ни е на помош„.

Меѓу српските политичари е и Оливер Ивановиќ, еден од поумерените. Беше присуен и на средбата со гостинот од Лондон:

„Најнапред мораме да опстоиме на тоа да не се избрзува. Односно, дека не мора веднаш да има решение кога се уште нема влада во Белгард, а да не зборуваме за преговарачки тим. Оној што притиска на брзо решение покажува дека му се брза и сака целата косовска проблематика што побргу да ја откачи„.

Промена на местото: еден час возење со автомобил кон југ, кон седиштето на косовкста влада во Приштина. Сосем друг свет – не само во политичка смисла. Премиерот Агим Чеку очекува меѓународната заедница конечно да го признае Косово како независна држава:

„Мислам дека нема потреба од натамошни преговори. Ние имаме одлични претпоставки, а Ахтисари заврши добра работа. Токму е време. Меѓународната заедница не посматра и ние не сакаме да ја пропуштиме оваа можност„.

Надвор на улицата спонтан собир против Ахтисари: кукла во костум, глава од картон со фотографија на Финецот. Приврзеници на екстремистичкото студентско движење го осудувуваат како марионета на големите сили:

„Желбите на народот од Косово се злоупотребени во последните седум години од страна на неоколонијалистичка управа. Она што мора да се случи сега е безусловно признавање на основното право на косовските Албанци на самоопределување„.

Значи, и тука мал интерес за меѓуредовите и компромисните формули. Дали предлогот на Ахтисари врз таква основа има шанси за успех? Јоахим Рикер, германскиот шеф на мисијата на Обединетите нацвии на Косово, е убеден:

„Мислам дека се уште е прерано. Да сочекаме додека Ахтисари го поднесе предлогот. Тој ќе ги рефлектира позициите на двете страни, зашто тој ги слушаше и разговараше преку една година со обете страни. Затоа тој предлог ќе биде таков што ќе го покаже патот напред„.

На 2 февруари, Марти Ахтисари се очекува во Белград и Приштина.