1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово и соседите

Фабијан Шмит14 декември 2007

Во Југооисточна Европа мислењата се различни за тоа која стратегија е правилната за иднината на покраината.Какво решение би дошло в предвид за соседите на Косово?

https://p.dw.com/p/CZQL
ПриштинаФотографија: AP

По распадот на Југославија Косово доби четири директни соседи: Црна Гора, Србија, Македонија и Албанија. Србија цврсто стои на својот став дека Косово е дел од нејзниот државен интегритет.Црногорската влада во изминатите недели одбегнуваше да заземе јасна позиција и покажа дека во однос на косовското прашање ќе ја следи одлуката на ЕУ.

Македонија ќе ја следи одлуката на САД

Maz. Präsident Branko Crvenkovski
Бранко Црвенковски - претседател на МакедонијаФотографија: MIA

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на средба со албанскиот колега Фатмир Сејдиу на почетокот на декември во Скопје исто така потврди дека неговата земја ќе ја следи одлуката на ЕУ и САД. Црвенквоски изрази и уверување дека ЕУ ќе најде заедничка линија. Сепак предупреди дека поделба во ЕУ по ова прашање би можела да предизвика тешка криза и тогаш би бил неизвесен и ставот на Македонија.

При негативен развој ризикот за балканските земји би бил голем

Албанскиот премиер Сали Бериша повторно се изјасни за спроведување на планот на Марти Ахтисари кој предвидува надгледувана независност.

Бугарија, која додуша не граничи директно со Косово стравува во случај на немири пред се’ од бегалски бран.

Портпаролот на бугарското министерство за надворешни Димитар Цанчев нагласува „При негативен развој на ситуацијата на Косово ризикот за Бугарија и другите балкански држави би бил многу голем. Еден од тие ризици се бранови бегалци. Но постојат и ризици по безбдноста.“

Во Романија Косово не е топ тема во јавните дебати

Сепак постојат стравувања дека Унгарија по истиот модел би можела да бара незавинсота на регионот Харгита – Човашна. Претседателот Трајан Башеску смета дека „ниту еден романски политичар“ не би поддржал „таков преседан“. Освен ова романските политичари стравуваат дека Косово би можело да служи како аргумент за отцепување на сепаратистичкиот режим во Транснистрија, поддржуван од Русија.

Rumänien - Hauptstadt Bukarest
БукурештФотографија: dpa

Слично аргументираат и некои поличари од Република Српска. Премиерот на овој ентитет Милорад Додиќ за време на посетата на српскиот претседал Борис Тадиќ стрикнто одби независност на Косово, иако претходно разгласи дека и Република Српска би можела да го следи косовскиот преимер и да се оддели од Босна и Херцеговина.

Сепак босанскиот Социјалдемократ и поранешен Премиер Златко Лагунмџија жестоко и се спротивставува на оваа закана „Сериозно се надевам дека Тадиќ и Додиќ ќе им посветата повеќе внимание на други важни теми. Косово ќе се реши на ниво на Босна и Херцеговина, а не во Република Српска.“

Статусот на Косово мора да биде решен

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ не гледа во прогласувањето незавиосност на Косвоо преседан, туку крај на процесот на распаѓање на старата држава Југославија „Јасно е дека Косово беше конститутивен елемент на федерацијата Југославија. Оваа федерација повеќе не постои и сега мора да биде решен статусот. Точно е исто и дека Косово беше поврзано со Србија. Оттука Србија е повикана да помогне при решавањето на статусот. Србија нема капацитети да да спроведе сила на Косово ниту капацитет да ги продолжи преговорите. За Косово сега мора да се најде решение.“