1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово и изборите во Србија

17 јануари 2007

Косово и предлогот за неговиот статус станува се пожешка тема воочи парламентарните избори во Србија закажани за недела 21 јануари. Властите во Белград и Приштина, но и меѓународната заедница го очекува епилогот на изборите во Србија, посебно заради фактот што по нивното одржување специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари треба да го презентира предлогот за статусот на Косово. Кога точно тоа ќе се случ

https://p.dw.com/p/Adgn
Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

�, засега никој со сигурност не може да потврди

САД остануваат на ставот за брзо решение на прашањето за статусот на Косово. Американскиот амбасадор во Белград Мајкл Полт изјави дека Косово е очигледна пречка за Србија на нејзиниот пат кон Унијата. Во интервју за весникот Политика, тој предупредува дека доколку не биде решен судирот меѓу Белград и Приштина, Косово а ниту Србија нема да се движат кон ЕУ.

Високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана изјави дека очекува предлогот на Марти Ахтисари да биде претставен на почетокот на наредниот месец. Еврокомесарот за проширување Оли Рен веќе предупреди дека претстојните избори во Србија се клучни за европската иднина на земјата и додаде дека очекува трајно и јасно дефинирано решение за Косово.

Се чини клучна ќе биде позицијата на Москва која според аналитичарите со досегашните ставови предвреме не отфрлила ниту едена опција, дури ни некој вид независност. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров соопшти дека решението за статусот мора да им одговара и на Белград и на Приштина. Русија како членка на советот за безбедност со право на вето ќе поддржи избалансирано решение како резултат на преговори и е против наметнато решение.

Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека предлогот на Марти Ахтисари не е поврзан со формирањето на новата влада во Србија. Коштуница очекува Ахтисари да го презентира предлогот на крајот на јануари, или почетокот на фебруари, пред формирањето на новата влада во Белград. Според него двата процеса не се поврзани.

Косовскиот премиер Агим Чеку пак смета дека во таа насока нема да има натамошни преговори. Предлогот на Ахтисари Приштина ќе го разгледа и по консултациите со него и пријателите ќе сториме напори тој да биде во согласност со политичката воља на народото во покраината, изјави Чеку.