1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово и Балканот први „жешки“ костени за Германија како претседавач со ЕУ

Силвера Падори13 декември 2006

Агендата на задачите кои и престојат на Германија како иден претседавач со Европската Унија имаа централно место на традиционалната средба пред крајот на годината на германската канцеларка Ангела Меркел со акредитираните странски новинари во Германија. Стана збор и за најновата ситуација околу спорот со Турција, Блискиот Исток, судбината на европскиот устав, но и Балканот!

https://p.dw.com/p/Ae3Y
Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: AP

Балканот и Косово се првите жешки костени со кои уште во јануари ќе треба да се соочи новиот претседавач со Унијата - Германија. Марти Ахтисари кој е задолжен за преговорите, најави дела извештајот со предлозите за статусот на Косово ќе го презентира по изборите во Србија закажани за 21 наредната година.

“Ние сакаме како претседавачи да го придружуваме процесот на Косово, со што ќе му помогне не само на Косово туку и на соседниот регион, и пред се на Србија да ги продолжат натамошните демократски процеси” - изјави канцеларката Ангела Меркел, одговарајќи на прашање на ДБ: што конкретно ќе направи Германија за овој регион:

“И ова сигурно нема да биде ни малку едноставно, доколку дојде до решение во кое ќе има потреба од соработка меѓу ЕУ и НАТО. Тоа сигурно ќе значи преземање одговорност од страна на Европската Унија, тоа сигурно ќе значи испракање НАТО трупи на Косово” смета Меркел. Таа се осврна на иднината на Европскиот устав, потенцирајќи дека на крајот на јуни 2007 Германија ќе поднесе извештај за натамошното разрешување на проблемот.Таа потсети дека документот мора да се донесе пред Изборите за европските институции во 2009 година. Средабата со претставниците на странските медиуми во Германија заврши со хипотетичкото прашање за исходот од германското претседателство со ЕУ:

“Можеби ќе отидеме чекор напред во партнерството и соработката со Русија.. Можеби ќе има успешен американско европски самит, во кој би се покренало прашањето за заедничкиот американски и европски пазар. Во доменот на енергетиката посакувам Европската Унија да ги стартува преговорите за продолжување на процесот по Кјото. Германија можа да успее зашто има пријатели во Европската Унија...