1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово десет години потоа

12 јуни 2009

Намалувањето на бројот на војниците на НАТО на Косово е оправдано, зашто Косово, во меѓувреме-под меѓународен надзор-е независно, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

https://p.dw.com/p/I87x

Околу намалувањето на бројот на војниците на КФОР, денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во кусиот коментар, оценува:

„Меѓународните мисии на НАТО траат главно многу подолго отколку што е планирано. Во јуни 1999 година, во Косово влегоа 50.000 војници на Алијансата, за да ја смират ситуацијата по 77 дена воздушни напади против режимот на Милошевиќ и за да овозможат враќање на стотици илјади протерани Албанци. Кој тогаш мислеше дека и по 10 години, на Косово се‘ уште ќе има странски трупи? Сега, според заклучокот на министерите за одбрана на земјите на НАТО, трупите треба да се намалат од 14 на 10 илјади војници, до почетокот на наредната година. Долгорочно, планирано е намалување на силите на 2.500 војници, значи на број кој треба да служи само за „заплашување“. Тоа, во секој поглед, е оправдано. Зашто, Косово, во меѓувреме-под меѓународен надзор-е независно, а при изградбата на правната држава треба да помогнат речиси три илјади полицајци, обвинители и судии кои се дел од мисија на ЕУ. Со оглед на тоа што Германија досега го даваше најголемиот контингент војници на Косово, сега би можел да се зголеми притисокот за испраќање повеќе германски војници во Авганистан“, се вели во коментарот на „ФАЦ“.


Автор: ФАЦ/ЕМФ

Редактор: Жана Ацеска