1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово денеска треба да го добие новиот претседател

10 февруари 2006

Во 11 часот треба да започне седницата на парламентот во Приштина на која пратениците треба да се изјаснат за единствениот кандидат за функцијата, Фатмир Сејдиу од Демократската партија на Косово.

https://p.dw.com/p/AcVT
Единствениот кандидат за највисоката функција, Фатмир Сејдиу
Единствениот кандидат за највисоката функција, Фатмир СејдиуФотографија: AP

Согласно уставот на покраината, за да биде избран за нов претседател , 54 годишниот Фатмир Сејдиу мора да добие поддршка од две третини од вкупно 120 члениот состав на парламентот во Приштина. Уставот предвидува претседателот да биде избран и со мнозинство гласови доколку никој не е избран во првите две рунди од гласањето.

Генералниот секретар на Демократската партија на Косово, кој веќе доби поддршка од ОН и западните земји важеше за еден од најблиските соработници на Ибрахим Ругова. Тој најави дека ќе ја продолжи политиката на починатиот претходник за независност на покраината.

Неговиот избор се случува во предвечерјето на директните преговори меѓу Приштина и Белград за конечниот статус на покраината, кои треба да започнат на 20 фебруари во Виена.

На прашањето дали се чувсувтва подготвен да ја преземе одговорноста за функцијата претседател, Сејдиу во интервју за албанската програма на ДВ изјави:

„Морам да кажам дека сум им благодарен на сите мои колеги што имаат толкава доверба во мене за да ме предложат за кандидат за функцијата Претседател. Секако дека ми е јасно оти станува збор за голем предизвик и дека ќе треба да го понесам товарот на одговорност во овој исторски миг. Постојано ќе се трудам да го продолжам она што до сега го следевме, имено реализирањето на независност за Косово и негово меѓународно признавање. Ова дотолку повеќе што за тоа толку интензивно се залагаше и го подготви патот во таа насока Претседателот Ибрахим РУгова. Целата негова акртивност му беше посветена на Косово.

Во ова време на големи предизвици исто така ќе се трудам да воспоставам интензивна соработка со сите политички групи застапени во косовскиот Парламент, исто како и со другите институции, вклучувајќи ги тука и меѓународните. При тоа посебно важни се односите со пријателските држави, со САД, со земјите од ЕУ и со сите други кои на Косово толку многу му помогнаа.„

Инаку Фатмир Сејдиу по професија е универзитетски професор. Зборува англиски и француски јазик, оженет и татко на тројца синови.