1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово во очекување на прогласувањето независност

17 февруари 2008

Денешниот ден е ден на реализација на политичката волја на граѓаните на Косово, изјави премиерот на покраината Хашим Тачи. Со овие зборови тој најави дека собранието на Косово денеска ќе ја прогласи независноста.

https://p.dw.com/p/D8ja
Косоварите подготвени за прогласувањето независностФотографија: AP

Според очекувањата, свечената седница на собранието треба да започне во 15 часот на која ќе биде усвоена декларацијата за независност. Според сценариото што го објавија приштинските медиуми, но кое официјално не е потврдено, предвидено е по седницата, во 18 часот во Медиумскиот центар во Гранд хотелот, претседателот на на Косово Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и претседателот на парламентот Јакуп Красниќи ќе одржат прес-конференција. Потоа во 18 и 30, пред домот на младите и спортот во Приштина ќе биде поставен обелиск на независноста. Ќе уследат повеќе концерти,а свеченостите по повод прогласувањето независност би требало да завршат околу 23 часот со голем огномет. Инаку, во Приштина веќе се славеше целата измината ноќ: по улиците многу автомбили и свирки, а се слушаше и пеење. На сите автомобили и на прозорците се веат албанското национално знаме, како и знамињата на САД и на Европската унија. Во косовската полиција велат дека ситуацијата е мирна и изразуваат надеж дека така ќе остане. Засилено е патролирањето на полицијата на УНМИК и на војниицте на КФОР.