1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Координирана независност на Косово?

26 јануари 2008

Косовските политичари се погласно најавуваат скорешно прогласување независност. Тврдат дека е тоа во координација со САД и ЕУ. Вашингтон отворено го поддржува таквиот чекор, официјален Брисел ја смирува топката.

https://p.dw.com/p/Cy3w
Косовските лидери иднината на Косово ја гледаат во ЕУФотографија: AP Photo/Visar Kryeziu
Во ЕУ и НАТО не сакаат да шпекулираат за можни датуми за независност на Косово. Дури побараа ветување од премиерот Тачи дека ќе ги следи нивните препораки. Денеска во Приштина и заменик помошниот државен секретар на САД, Розмари Ди Карло изјави дека тие заедно со ЕУ ќе ги координираат сите мерки и акции околу статусот на Косово. „Нема недоразбирања околу Косово меѓу САД и ЕУ, рече Ди Карло по денешната средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.
Ди Карло: сите имаме заедничка цел
„Со нашите европски партнери ги продолжуваме со консултациите околу најдобриот пат за прогрес на Косово Сите имаме заедничка цел, а тоа е зачленување на земјите од балкансиот регион во ЕУ“, рече Ди Карло повторувајќи го ставот на Вашингтон дека најдобро решение за Косово е планот на посредникот на ОН, Марти Ахтисари. Косовскиот премиер Тачи најави подготвеност да ги имплементират пакетот мерки на Ахтисари. Вети дека сите активности околу финализирање на статусот на Косово ќе бидат координирани со ЕУ, НАТО и САД.
Бан Ки Мун предупредува од статус кво
Од друга страна генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун кој денеска ја завршува дводневната посета на Словенија излезе со предупредување: „Постои опасност од влошување на ситуацијата на Косово ако продолжи статус кво“. Бан е загрижен и поради тоа што за сега во СБ на ОН не е постигнат компромис во врска со ова прашање бидејќи се уште постојат несогласувања меѓу постојаните земји членки на Советот. Генералниот секретар на Светската организација нагласи: „Сите треба да бидеме претазливи во врска со косовското прашање, заради политичките последици и заради последиците во областа на безбедност.
Коха диторе: независност на 17 февруари или 9 март
Во последниве денови косовските политичари постојано најавуват дека наскоро ќе биде објавен датумот за прогласување независност. Приштинскиот весник „Коха Диторе“ повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, денеска пишува дека „датумот не е јасно одреден, но дека како можни се разгледуваат 17 февруари или 9 март.“ Според истиот весник „под раководство на главните земји членки на ЕУ, кои се и членки на Контакт групата, веќе постои стратегија според која по прогласувањето на независност, Унијата на ниво министри за надворешни работи ќе го одобри „заедничкиот став“ со кој на земјите членки ќе им препорача во согласност со своите национални процедури да делуваат за признавање на покраината“. Според весникот сето ова е во координација и со Вашингтон.