1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Консултации на министрите за одбрана на земјите на НАТО околу ангажманите во Ирак и Авганистан

12 октомври 2004
https://p.dw.com/p/Ad3I
Германски војници во Кундуз, Авганистан, под команда на НАТО
Германски војници во Кундуз, Авганистан, под команда на НАТОФотографија: AP

Според информациите од седиштето на Алијансата во Брисел, на средбата што ќе се одржи во романскиот зимски центар Појана Брашов би требало да стане збор за евентуалното здружување на антитерористичките единици во Авганистан, предводени во САД, со меѓународните заштитни трупи ИСАФ. Германскиот министер за одбрана Петер Штрук на викендот го отфрли тој американски предлог. Дводневната средба е неформална, што значи дека нема да бидат донесувани решенија.

Откако во петокот беше изложен концептотот за обука на ирачки безбедносни сили од страна на инспектори на НАТО, сега министрите ќе разговараат за натамошни подробности. Ангажманот во Ирак е спорен во Алијансата: додека САД вршат притисок за колку што е можно поголемо ангажирање, Франција е за колку што е можно помал придонес и за избегнување на премногу видливо присуство на НАТО.