1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Конечно збогум за култната „бубачка“

Ана Кристина Чепе | СН/агенции
11 јули 2019

Во Пуебла, Мексико од производната лента на фабриката на Фолксваген се спушти последната „бубачка“. Со тоа, овојпат дефинитивно, заврши ерата на легендарниот автомобил на германскиот производител.

https://p.dw.com/p/3LtPH
Deutschland 36. Maikäfertreffen in Hannover
Фотографија: Imago Images/Rust

Последниот примерок од култниот автомобил вчера (10 јули, 2019) се спушти од производната лента во Пуебла, Мексико. Фолксваген стави крај на осум децениското производство на „бубачката“. Продажбата на легендарното возило значително опадна во последните години.

Дефинитивен крај за „бубачката“

А Фолксваген има и поинакви планови. Имено да го засили производството на електрични автомобили. Приказната на „бубачката“ започна во една мрачна ера. Првиот примерок, имено,  беше произведен во 1938 година во нацистичка Германија. Беше наречена Кефер - „Käfer,” германскиот збор за „бубачка”.

Производството цутеше дури и по Втората светска војна, а зенитот беше достигнат за време на таканареченото германско економско чудо. „Бубачката“ стана симбол на поствоеното економско воскреснување на Германија. Производството во 70-те години беше префрлено во Мексико и во Бразил. Севкупно продадени се 21 милион „бубачки“ ширум светот. Автомобилот останува еден од најкултните дизајни на 20. век.