1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечен предлог за Косово до 10-ти март

26 февруари 2007

Специјалниот пратеник на ОН за решавање на статусот на Косово Марти Ахтисари во интервју за една косовска телевизија рече дека својот предлог ќе го финализира во периодот меѓу 2-ри и 10-ти март, а потоа ќе му го предаде на Советот за безбедност.

https://p.dw.com/p/Adfz
Од преговорите за иднината на Косово во Виена
Од преговорите за иднината на Косово во ВиенаФотографија: AP

Предлогот, според Ахтисари, ќе содржел и “одреден збор за статусот”, базирајќи се врз принципот дека “ќе се почитува волјата на мнозинството на Косово”, рече Ахтисари. Оние кои на Косово протестираа против неговиот план, не би имале причина за протест да ја знаеја неговата содржина и “само го ризикуваат спроведувањето на она за што сонуваат” , рече Ахтисари. Тој смета дека меѓународната заедница нема да ја спречи имплементацијата на планот.