1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ во тандеми по нов мандат

БГ
9 март 2020

Владејачката партија вечерва на Конгрес ги утврдуваше носителите на листите и другите кандидати за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори на 12 април и ја претстави програмата.

https://p.dw.com/p/3Z7LH
Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Под мотото „Можеме уште повеќе, уште подобро“ и со машко-женски тандеми на чело на листите, СДСМ ќе се обиде да обезбеди уште еден мандат на чело на владата на изборите на 12 април. Партискиот лидер Зоран Заев пред делегатите на Конгресот ја претстави изборната програма која се темели на пет столба, односно ветувања за Нови работни места и повисоки плати; Грижа за сите; Ред, дисциплина и правда; Сите за еко држава и Ние сме за НАТО, одиме во ЕУ.

Во следните четири години Заев ветува 100.000 нови работни места, минимална  плата од 300, и просечна плата од 600 евра, како и раст на пензиите за 21 отсто. По влезот во НАТО, лидерот на СДСМ ветува и затворање на 80 проценти од преговарачките поглавја со ЕУ во следните четири години, доколку остане на власт.

Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM Zoran Zaev
Зоран Заев на конгресот на СДСМФотографија: DW/P. Stojanovski

На пратеничките листи нема поголеми изненадувања, со исклучок можеби на носителот во првата изборна единица, актуелниот шеф на дипломатијата Никола Димитров, како и на двајцата „одметнати“ партнери на ВМРО-ДПМНЕ- Панчо Минов во петтата изборна единица и Зеќир Рамчиловиќ во третата. Во втората, третата, четвртата и петтата изборна единица, како и на претходните парламентарни избори продолжуваат Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Заев и Радмила Шекеринска. Носечката позиција во шестата изборна единица е резервирана за новиот коалициски партнер од Беса, Билал Касами, каде на втората позиција е Фаница Николовска од СДСМ. Актуелната вицепремиерка Мила Царовска ќе трча од втората позиција во „единицата“, Соња Лукаровска во „двојката“, Јагода Шахпаска во третата изборна единица, а Јован Митревски во „петката“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема