1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Колонијалната историја на Германија не е тема во училиштата

Петер Хиле
17 октомври 2020

Mногу ученици во Германија не учат ништо за колонијалната историја на својата земја, зашто тоа не е дел од задолжителната училишна програма. Активисти сакаат ова да го променат.

https://p.dw.com/p/3k4Gj
Namibia Geschichte Deutsch-Südwestafrika Gefangene Hereros
Хероро-припадници во синџири, Германија владеела во Намибија во време кога е снимена фотографијата - 1904 или 1905 годинаФотографија: ullstein bild

30 години, до 1918, германските власти владееле во колонии во Африка и Западен Пацифик. Време за кое многу Германци едвај по нешто знаат. Тоа е поврзано и со наставата: за колонијалното минато на Германија многу германски ученици не учат ништо или само малку”. Најчесто е до ангажманот на наставниците дали германската колонијална историја ќе се третира во наставата или не. Активисти сакаат тоа да го сменат.

Кој бил Хендрик Витбои? Ако германски ученик прашате за народниот херој од Намибија ќе ве погледа во прашалници.

Историјата на борбата за слобода против окупаторите во тогашна западна Германија речиси никој не ја знае. За геноцидот на Хереро и Нама исто така ретко кој знае. Дури и во официјалните учебници, во официјалната наставна програма за германските школи, 30-те години колонијална историја во Африка и во Западниот Пацифик не играат речиси никаква улога. Наставните планови се во Германија надлежност на сојузните покраини. Во некои од нив темата воопшто не се споменува, на други само маргинално, вели Абигејл Фуга. 26-годишната жена од Келн иницирала петиција за да се сменат нештата:

„Не е доволно тоа што се предава актуелно на училиштата. Затоа треба да има преработка на книгите и наставните планови. Кога црни деца ќе бидат доволно стари да доживеат расизам на своја кожа, тогаш и белите се доволно стари да научат нешто за тоа."

Abigail Fugah
Активистката Абигејл Фуга, иницијатор на петицијата за промена на учебницитеФотографија: Privat

За време на нејзиното школување наставниците темите за колонијалната историја и расизам речиси и да не ги споменуваа, вели Фуга, чии што родители потекнуваат од Гана. Ама затоа пак самата често била предмет на расистички испади. Само оној што ја знае колонијалната историја може да го разбере и надмине денешниот расизам, вели Фуга. Речиси 95000 луѓе ја потпишале петицијата. 

„Повеќето критичари се наставници. Тие би требало да се прогресивни, но наместо тоа тие се противат. Ни префрлаат нам и на нашето движење од цела Германија дека сме превидувале оти колонијалната историја и сега се појавува во наставните планови. Но, проблемот е дека не е задолжителен материјал", вели Фуга.

Повеќе:

Хереро и Нама ја тужат Германија за колонијален геноцид

Германија мора да се извини за геноцидот во Намибиjа

Мрачната историја на германскиот колонијализам

Убиството на шест милиони Евреи во Холокаустот, втората светска војна, студената војна меѓу Истокот и Западот со делбата на Германија, сѐ тоа се големи и важни теми во наставата по историја. За друго не останува време - освен ако не се вложи напор да се најде како што тоа го сторила Имке Шталман. Таа предава на гимназијата Фармзен во Хамбург.

„Темата германска колонијална историја ја третираме околу 15 години релативно интензивно со учениците кај нас во школо. Тема која е многу релевантна за разбирањето на многу актуелни меѓународни прашања,“ вели Имке Шталман. 

Неа и било особено важно да ја појасни врската меѓу колонијалната историја и денешниот расизам. Нејзините иченици биле мотивирани да се занимаваат со темата, дури и надвор од наставните обврски: 

„Меѓу другото со нашите ученици бевме во посета на т.н. споменик Аскари релјеф во Хамбург Јенфелд. Размислувавме за тоа каква корист имаме од тематизирањето на споменикот. Учениците навистина почнаа да развиваат алтернативни теории.”

Од 2018 гимназијата Фармзен прави размени на ученици со школото Чангомбе во Даресалам во Танзанија.

„Беше интересно дека прво констатиравме оти по историја на двете училишта обработуваме слични теми, меѓу другото империјализам и колонијална историја. Од тоа произлезе идејата да им дадеме на нашите ученици шанса заеднички да работат на темата", истакнува Имке Шталман. 

Ученици од поранешната колонијална сила Германија и поранешната колонија германска Источна Африка си разменуваат информации за заедничката историја, најпрво преку интернет. Кулминација била потоа обостраната посета. Во Хамбург учениците на споменикот за колонијализмот смимале заедно филм.

На Абигејл Фуга и други активисти им било јасно дека не може секое училиште да организира таква размена. Но, посакува секој ученик и ученичка во Германија да имаат прилика да се соочат со колонијалното минато, нивното наследство и расизмот.

Фуга сака да придонесе за тоа: во моментов се обучува за да може во иднина во школи меѓу другото да нуди анти-расистички курсеви.