1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку бргу Берлин ќа ја признае независноста на Косово?

24 октомври 2007

Меѓу Србите и Албанците и натаму се преговара во врска со идниот статус на покраината која во моментов е под управа на УНМИК. Белград бара останување на Косово во Србија, Косоварите настојуваат кон независност.

https://p.dw.com/p/Bw4L
дали кабинетот на Меркел веќе донесол одлука за признавање на Косово?Фотографија: AP

За 10 декември е предвидена последната преговарачка рунда, но досега нема никакво приближување.

Од тие причини германската влада очигледно веќе има своја позиција. Како што јави вчера Дојчланд функ, владата на Ангела Меркел интерно донесла заклучок, да го признае Косово како независна држава.

Каков е возниот ред?

Треба да се претпостави дека на 10 декември, кога тројката ќе мора да го достави својот завршен извештај до генералниот секретар на Обединетите нации, нема да биде постигнат договор. Потоа мора да решава Советот за безбедност. Секое решение таму, меѓутоа, ќе биде спречено од ветото на Русија. Таа ја поддржува Србија која одбива независност на Косово. Во меѓународната заедница сите сметаат на тоа дека Косово тогаш ќе ја прогласи својата независност што ја предложи поранешниот фински претседател Марти Ахтисари кога во минатата година трагаше по решение за проблемот на статусот на Косово, по налог на Обединетите нации.

Во овие напори, Косоварите се охрабрени од САД. Претседателот Џорџ Буш при посетата на Албанија се изјасни за независност на Косово. Неговата министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс потоа ги врати косовските политичари на курсот: уште една преговарачка рунда во рамките на тројката во која се САД, ЕУ и Русија.

САД први ќе го признаат Косово како незвисна држава

Важи за сигурно дека САД веднаш ќе го признаат Косово кога ќе прогласи независност. Според информациите на Дојчланд функ, германската сојзуна влада многу бргу ќе се приклучи кон тој чекор. Како што се дознава од сигурни извори, сојузната влада многу сериозно го разгледува признавањето на Косово. Меѓутоа, зад затворена врата, јасно се вели дека за ова прашање е отворено само она КОГА, а не и КАКО.

Согласноста со признавање меѓу другото има поткрепа и во сигналите од Белград според кои српското водство на прогласувањето на независноста на Косово нема да одговори со воени средства. Во НАТО се исклучува влегување на српската армија, по разговорите на генералниот секретар Јап де Хоп Шефер со српскиот претседател Борис Тадиќ. Сепак, министрите за одбрана на НАТО денеска и утре во холандскиот град Нордвијк ќе разговарат и за тоа прашање: какво влијание би имало прогласувањето независност на Косово врз мисијата КФОР.

Вајскирхен: Информациите на Дојчланд функ се шпекулации

Во меѓувреме, Герт Вајскирхен, надворешно-политички говорник на социјалдемократската пратеничка група и член на надворешно-политичкиот одбор на Бундестагот, информациите објавени на Дојчланд функ дека сојузната влада ќе ја признае еднострано прогласената независност на Косово, ги оцени како чиста шпекулација:

„Дека има разговори за тоа е точно, но нема никакво решение, туку ние ќе сочекаме што ќе извести тројката. Таа мора да ги извести и Обединетите нации. Пред да биде донесено какво и да е политичко решение, треба да се сочека продолжувањето на процесот во Виена. Не би ја исклучил можноста дека Белград и Приштина се уште можат да дојдат до решение. Да им оставиме време на дипломатите„, изјави Вајскирхен.