1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Крвната плазма како привремено решение против Ковид-19

Оливера Живковиќ
27 април 2020

Од утре во македонските болници започнува лекување со крвна плазма на болните од Ковид-19. И во Србија и во Германија се повикуваат оздравените лица да донираат крвна плазма. Но колку терапијата е навистина делотворна?

https://p.dw.com/p/3bU1M
Blutspende Symbolbild
Фотографија: Getty Images/P. Pochard-Casabianca

Таканаречената пасивна имунизација е вид третман во кој крвната плазма се зема од лица кои оздравеле од коронавирусот, за да се донира на оние кои не можат сами да развијат антитела со кои организмот би се изборил со вирусот. И во Србија и во Германија веќе постојат голем број оздравени пациенти и во двете земји има голем интерес да се донира крвна плазма.

За ДВ на оваа тема зборуваа Марија Гњатовиќ, научна соработничка во Институтот за примена на нуклеарна енергија и професорот Ерхард Зајфрид од франкфуртскиот Институт за трансфузија на крв и имунологија.„Кандидатите за донирање на плазма се исклучиво пациенти кои развиле високо ниво ефикасни антитела по инфекцијата, што за жал не е секогаш случај“, објаснува Гњатовиќ.

Според неа, високото ниво на антитела не подразбира автоматски и нивна ефикасност во борба со вирусот, но е секако подобра шанса ако нивото на антителата е високо. Она што сѐ уште не е познато е дали пациентите со симптоми на Ковид-19 развиваат помалку или повеќе антитела од оние без симтоми.

Повеќе:

-Како имунолошкиот систем се бори против коронавирусот

-(Архива) Крвна плазма- нова надеж во битката со коронавирусот

-Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти

Според досегашните истражувања на франкфуртскиот Институт за трансфузија на крв, постојат пациенти кои имале силни симптоми, но развиле слаби антитела. Од друга страна има пациенти кои немале симптоми, но развиле силни антитела. На овој Институт во моментов се утврдува дали тежината на болеста и видот на симптоми имаат некакво влијание на изградбата антитела во организмот.

Професор Зајфрид истакнува дека на овој вид лечење се гледа како на „пакет помош во вонредна ситуација, кога немате лекови и вакцини“, и додава оти ништо не може да ја замени активната имунизација која би се постигнала со вакцина. Она што е сигурно е дека со оваа терапија не може масовно да се лечат пациентите.„Оваа терапија се дава само на тешко заболените пациенти чиј организам не може сам да развие антитела“, вели Гњатовиќ.

Blutkonserven
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

Посебни клинички студии за утврдување на ефикасноста на терапијата

Иако во земји како Германија, Кина, Америка и Јужна Кореја, на помал број пациенти е веќе утврдено дека третманот со крвна плазма придонесол за опоравување на пациентот, потребни се детални клинички испитувања за да се утврди вистинската ефикасност на оваа терапија. На франкфуртскиот Институт за трансфузија на крв започна првата таканаречена проспективна кохортна студија на светот чија цел е да се испита ефикасноста на крвната плазма при лечењето на тешко заболените. Од две групи пациенти заразени со кронавирус, едната ќе прима крвна плазма со антитела против корона, а другата само лекови кои во моментов се употребуваат за ублажување на симптомите од болеста.

„Терапијата со крвна плазма може да има и несакани дејствија како алергиски реакции, а може да се случи и пациентот едноставно да не реагира на терапијата“, објаснува професор Зајфрид и потенцира дека студијата ќе допринесе во разбирање на имунолошкиот одговор на организмот, кој претставува клуч во понатамошната борба против пандемијата од коронавирусот.

Во Србија, исто така, ќе бидат организирани клинички испитувања на Институтот за трасфузиологија на крв, каде и натаму ќе се испитува ефикасноста од оваа терапија.

Струката се согласува - заштитен имунитет макар и на одредено време

Крвната плазма, меѓутоа, не служи само за лечење на заболените, туку има и исклучително значење за утврдување на развојот на имунитетот против вирусот.Во моментов во научната заедница се вршат опсежни истражувања кои требаат да утврдат колкав процент од луѓето градат имунитет и колку тој трае. Гњатовиќ истакнува дека поранешните испитувања на лицата кои биле заразени со САРС и МЕРС, кој се од истата група со коронавирусот како САРС-КоВ-2 и оти е тогаш утврдено дека имунитетот се создава од 2 па дури и до 5 години.
„Некои вируси создаваат долготраен имунитет, но постојат одредени вируси, кои создаваат имунитет само определено време, како вирусот на грипот. Кај други вируси пак се создаваат антитела, кои не се во состојба да го одбранат организмот од вирусот, каков што е случајот со ХИВ“, вели Гњатовиќ.

Таа истакнува дека мислење на целокупната научна заедница е дека кај Сарс Цов-2 имунитет ќе се развие барем неколку месеци до една година, што го потврдува и професорот Зајфрид.

Двајцата експерти истакнуваат оти е најважно  што повеќе да се истражува имунилошкиот одговор на лицата кои го прележале вирусот, бидејќи тие дотолку побргу можат да се вратат на работа, без ризик дека повторно ќе се заразат или ќе го шират вирусот.

За да се истражува имунитетот, потребни се многу веродостојни тестови, кои го детектираат присуството на антитела во кврната плазма.

Најбезбедно е домашното производство на тестови

Институтот за примена на нуклеарна енергија во Земун најави дека за нешто повеќе од еден месец ќе започне со производство на таканаречените тестови ЕЛИСА, со кои треба да се утврди вкупно присуство на антитела во крвта.

„Од сите тестови, нашето искуство покажува дека тестовите ЕЛИСА се поверодостојни од брзите тестови, кои изгледаат како тестови за бременост. Тие тестови немаат можност да детектираат високо или ниско присуство на антитела, а тестовите ЕЛИСА можат да го сторат тоа и нам ни е важно тоа за да го разбереме имунолошкиот одговор “, објасни Гњатовиќ.

Таа истакнува дека најважната причина за развој на домашните тестови лежи во фактот дека веродостојноста кај странски тестови не е загарантирана. „Ако некој прележал некој друг коронавирус, може да се добие лажен позитивен резултат ако имате лош тест“, додава Гњатовиќ.